Антипапа
Антипапа (латински: antipapa) или противпапа — лице кое полага право на титулата Римски епископ и водач на Католичката црква, оспорувајќи го правото на некој легитимно избран папа.[1] Антипапите постоеле од III до средината на XV век и биле поддржувани од табори во самата црква и од световни владетели.
Понекогаш е тешко да се разликува кој од двајца правополагачи да се смета за папа, а кој за антипапа, како што е случај со Лав VIII и Бенедикт V.
Историја
[уреди | уреди извор]Иполит Римски (†235) се смета за првиот антипапа, предводејќи своја група во рамките на Црквата во Рим против папата Каликст I.[2] Иполит се помирил со папата Понтијан, и обајцата се чествуваат како светци од Римокатоличката црква со заедничка слава на 13 август. Останува нејасно дали станува збор за помешување на повеќе личности со Иполит[3] и дали самиот Иполит навистина се прогласил за Епископ Римски, со оглед на тоа што тоа не се спомнува во списите припишани нему.
Евсевиј Кесариски ја прераскажува приказната Наталиј од некој претходен автор[4], каде се вели дека Наталиј бил свештеник од III век кој прифатил епископство од адопционистите,[5] еретичка група во Рим. Наталиј набргу се покајал и со солзи го молел папата Зефирин да го прими во верската заедница.[6][7]
Новатијан (†258), уште една личност од III век, со сигурност полагал право на Римската Столица како противник на папата Корнелиј, и доколку ги изземеме Наталиј и Иполит поради несигурните податоци, Новатијан би бил првиот антипапа.
Антипапите биле најбројни во периодот на борба помеѓу папите и светите римски цареви во XI и XII век. Царевите честопати наметнувале свои лица кои им оделе во прилог. Папите пак, од своја страна, биле покровители на соперници за престолот (противкралеви) во Германија за да надвладеат над даден цар.
Западниот раскол започнал во 1378 г. кога француските кардинали изразиле незадоволство дека изборот на папата Урбан VI бил неважечки, па го избрале антипапата Климент VII како негов противник. Со време се создале две сопернички линии на антипапи: Авињонската кога Климент VII се вратил во Авињон, и Пизанската. Пизанската, која започнала во 1409 г. е наречена по соборот во Пиза на кој е избран антипапата Александар V како трет правополагач. За да му се стави крај на расколот, во мај 1415 г. е свикан Констанскиот собор каде е соборен антипапата Јован XXIII од Пизанската линија. Папата Григориј XII од Римската линија дал оставка во јули 1415 г. Во 1417 г. соборот формално го разрешил и антипапата Бенедикт XIII од Авињон, но тој решително одбил да отстапи. Потоа е избран папата Мартин V и прифатен насекаде освен во малото подрачје под влијание на Бенедикт XIII кое бргу гаснело.
Список на антипапи
[уреди | уреди извор]На следнава табела се дадени имињата на антипапите кои се водат на списокот на папи и антипапи во Папскиот годишник (Annuario Pontificio), додавајќи ги Наталиј (и покрај сомнежот за неговата историчност) и Климент VIII (кој имал незначително малку следбеници).[8]
Со ѕвездичка се означени оние кои се вклучени во вообичаените редни броеви на подоцнежните папи со исто име. Почесто антипапата се занемарувал во бројниот редослед; на пример, постоел антипапа Јован XXIII, но новиот папа Јован избран во 1958 г. исто така се нарекувал Јован XXIII.
Така, поради нејасноста на канонското право во средината на XI век и историските факти, Папскиот годишник го наведува Силвестер III како папа, без притоа да даде мислење за неговата легитимност. Католичката енциклопедија го става во Списокот на папи,[9] но со прибелешката: „Некои го сметаат за антипапа“. Други извори го заведуваат како антипапа.[10]
Бидејќи Целестин II дал оставка пред да биде осветен и устоличен за да се избегне раскол, Речникот на папи (2010) од Оксфорд смета дека тој неправедно се смета за антипапа;[11] тоа мислење го дели и историчарот Салвадор Миранда.[12]
Оние со ѕвездичка (*) се пресметани во бројниот ред на подоцнежни папи.
На престолот | Име | Латински | Родено име | Место на раѓање | Траење на антипството | Белешки | Противник на |
---|---|---|---|---|---|---|---|
~ 199 – ~ 200 | Наталиј | Natalius | Наталиј | ~ 159 Рим, Римско Царство | 1 година и 0 дена (365) | Подоцна помирен (погл. погоре) | Зефирин |
20 дек. 217 – 28 сеп. 235 | Иполит Римски | Hippolytus | Иполит | 170 Рим, Римско Царство | 17 години и 282 дена (6491) | Подоцна се помирил со папата Понтијан (погл. погоре) | Каликст I |
Урбан I | |||||||
Понтијан | |||||||
мар. 251 – авг. 258 | Новатијан | Novatianus | Новатијан | ~ 200 Рим, Римско Царство | 7 години и 153 дена (2710) | Основоположник на новатијанството | Корнелиј |
Луциј I | |||||||
Стефан I | |||||||
Сикст II | |||||||
20 апр. 309 – 16 авг. 310 | Ираклиј | Heraclius | Ираклиј | ~ 265 Рим, Римско Царство | 1 година и 118 дена (483) | Евсевиј | |
355 – 26 ное. 365 | Феликс II* | Felix secundus | Феликс | ~ 270 Рим, Римско Царство | 10 години и 329 дена (3982) | Поставен од римскиот цар Констанциј II | Либериј |
1 окт. 366 – 16 нов. 367 | Урсин | Ursicinus | Урсин | ~ 300 Рим, Римско Царство | 1 година и 46 дена (411) | Дамас I | |
27 дек. 418 – 3 апр. 419 | Евлалиј | Eulalius | Евлалиј | ~ 370 Рим, Римско Царство | 1 година и 46 дена (411) | Бонифациј I | |
22 ное. 498 – авг. 506/08 | Лаврентиј | Laurentius | Лоренцо Челио | ~ 460 Рим, Римско Царство | 9 години и 283 дена (3569) | Поддржан од византискиот цар Анастасиј I | Симах |
22 сеп. 530 – 14 окт. 530 | Диоскор | Dioscurus | Диоскор | ~ 450 Александрија | 0 години и 22 дена (22) | Бонифациј II | |
21 сеп. 687 | Теодор | Theodorus | Теодор | ~ 599 Рим, Римско Војводство | 0 години и 97 дена (97) | Сергиј I | |
21 сеп. 687 | Паскал (I) | Paschalis | Паскале | ~ 598 Рим, Римско Војводство | 0 години и 97 дена (97) | ||
28 јун. 767 – 6 авг. 768 | Константин II | Constantinus secundus | Константин | ~ 700 Рим, Римско Војводство | 1 година и 39 дена (405) | Помеѓу Павле I и Стефан III | |
31 јул. 768 | Филип | Philippus | Филип | ~ 701 Рим, Римско Војводство | 0 години и 0 дена (0) | Поставен пд пратеник на лангобардскиот крал Дезидериј | Стефан III |
25 јан. – 31 мај 844 | Јован VIII | Joannes octavus | Џовани | ~ 800 Рим, Папска Држава | 0 години и 151 дена (151) | Избран со акламација | Сергиј II |
јан. 855 – 31 мар. 855 | Анастасиј III | Anastasius tertius | Анастасиј | ~ 810 Рим, Папска Држава | 0 години и 89 дена (89) | Бенедикт III | |
3 окт. 903 – 27 јан. 904 | Христофор | Christophorus | Кристофоро | ~ 850 Рим, Папска Држава | 0 години и 116 дена (116) | Помеѓу Лав V и Сергиј III | |
јул. 974 | Бонифациј VII* | Bonifacius | Франко Феручи | ~ 900 Рим, Папска Држава | 0 години и 334 дена (334) вкупно 364 дена (364 дена) |
0 години и 30 дена (30)Помеѓу Бенедикт VI и Бенедикт VII | |
20 авг. 984 – 20 јул. 985 | Помеѓу Јован XIV и Јован XV | ||||||
апр. 997 – фев. 998 | Јован XVI* | Joannes | Јован Филагато | ~ 941 Росано, Калабрија, Папска Држава | 1 година и 0 дена (365) | Поддржан од византискиот цар Василиј II | Григориј V |
јун. 1012 | Григориј VI | Gregorius Sextus | Грегорио | ~ 960 Рим, Папска Држава | 0 години и 29 дена (29) | Бенедикт VIII | |
4 апр. 1058 – 24 јан. 1059 | Бенедикт X* | Benedictus Decimus | Џовани Минчо деи Конти ди Тускуло | ~ 1000 Рим, Папска Држава, | 0 години и 295 дена (295 ) | Поддржан од тускулумските грофови | Никола II |
јул. 1061 – 31 мај 1064 | Хонориј II | Honorius Secundus | Пјетро Кадалус | 1010 Верона, Папска Држава | 2 години и 335 дена (1065) | Поддржан од Агнеса, намесничка на Светото Римско царство | Александар II |
25 јун. 1080, 21 мар. 1084 – 8 сеп. 1100 | Климент III | Clemens Tertius | Гвиберт Равенски | ~ 1029 Парма, Папска Држава | 20 години и 44 дена (7348) | Поддржан од светиот римски цар Хајнрих IV | Григориј VII |
Виктор III | |||||||
Урбан II | |||||||
Паскал II | |||||||
8 сеп. 1100 – јан. 1101 | Теодорик | Theodoricus | Теодоро | ~ 1030 Рим, Папска Држава, | 0 години и 121 дена (-244) | Наследник на Климент III | Паскал II |
јан. 1101 – фев. 1102 | Адалберт | Adalbertus | Алберт | ~ 1046 Атела, Кампанија, Папска Држава, | 0 години и 31 дена (31) | Наследник на Теодорик | |
8 ное. 1105 – 11 апр. 1111 | Силвестер IV | Sylvester Quartus | Магинулф | ~ 1050 Рим, Папска Држава | 5 години и 324 дена (31) | Поддржан од светиот римски цар Хајнрих V | |
10 мар. 1118 – 22 апр. 1121 | Григориј VIII | Gregorius Octavus | Морис Бирден | ~ 1057 Лимузен, Окситанија, Франција | 3 години и 43 дена (1139) | Геласиј II | |
Каликст II | |||||||
16 дек. 1124 | Целестин II | Cœlestinus Secundus | Теобалдо Бокапечи | ~ 1050 Рим, Папска Држава | 0 години и 0 дена (0) | Хонориј II | |
14 фев. 1130 – 25 јан. 1138 | Анаклет II | Anacletus Secundus | Пјетро Пјерлеони | ~ 1090 Рим, Папска Држава | 7 години и 345 дена (2902) | Инокентиј II | |
23 мар. 1138 | Виктор IV | Victor Quartus | Грегорио Конти | ~ 1057 Чекано, Папска Држава | 0 години и 2 дена (2) | Наследник на Анаклет II | |
7 сеп. 1159 – 20 апр. 1164 | Виктор IV | Victor Quartus | Отавио ди Монтечело | ~ 1095 Тиволи, Папска Држава | 4 години и 226 дена (1687) | Поддржан од светиот римски цар Фридрих I | Александар III |
22 апр. 1164 – 28 сеп. 1168 | Паскал III | Paschalis Tertius | Гвидо ди Крема | ~ 1110 Крема, Папска Држава | 4 години и 159 дена (1620 дена) | ||
сеп. 1168 – 29 авг. 1178 | Каликст III | Callixtus Tertius | Џовани Струмски | ~ 1090 Арецо, Папска Држава | 9 години и 362 дена (3649 дена) | ||
29 сеп. 1179 – јан. 1180 | Инокентиј III | Innocentius Tertius | Ланцо Сечки | ~ 1120 Сеце, Папска Држава | 0 години и 95 дена (95 дена) | ||
12 мај 1328 – 12 авг. 1330 | Никола V | Nicolaus Quintus | Пјетро Рајналдучи | ~ 1258 Корваро, Папска Држава | 2 години и 92 дена (822 дена) | Поддржан од светиот римски цар Лудвиг IV | Јован XXII |
20 сеп. 1378 – 16 сеп. 1394 | Климент VII | Clemens | Роберт Женевски | 1342 Анеси, Франкија | 15 години и 361 дена (5840 дена) | Авињон | Урбан VI |
Бонифациј IX | |||||||
28 сеп. 1394 – 23 мај 1423 | Бенедикт XIII | Benedictus | Педро де Луна | 25 ноември 1328 Иљуека, Арагон | 28 години и 237 дена (10463 дена) | Авињон | |
Инокентиј VII | |||||||
Григориј XII | |||||||
Мартин V | |||||||
25 јун. 1409 – 3 мај 1410 | Александар V* | Alexander | Пјетро Филарги | ~ 1339 Крит, Венецијанска Република | 0 години и 312 дена (312 дена) | Пиза | Григориј XII |
25 мај 1410 – 29 мај 1415 | Јован XXIII | Ioannes Vicecimus Tertius | Балдасаре Коса | ~ 1365 | 5 години и 6 дена (1832 дена) | Пиза | |
10 јун. 1423 – 26 јул. 1429 | Климент VIII | Clemens Octavus | Хил Санчес Муњос и Карбон | 1370 Теруел, Арагон | 6 години и 49 дена (2241 дена) | Авињон | Мартин V |
1424 – 1430 | Бенедикт XIV | Benedictus Quartus Decimus | Бернар Гарние | 1370 Франција | 6 години и 211 дена (2403 дена) | Наследник на Бенедикт XIII, наречен „Скриениот папа“ | |
1430 – 1437 | Бенедикт XIV | Benedictus Quartus Decimus | Жан Карие | ~ 1370 Франција | 7 години и 242 дена (2799 дена) | ||
5 ное. 1439 – 7 апр. 1449 | Феликс V | Fœlix | Војвода Амадеј VIII Савојски | 4 септември 1383 Шамбери, Савоја | 9 години и 153 дена (3441) | Избран на Базелскиот собор | Евгениј IV |
Никола V |
Современи правополагачи
[уреди | уреди извор]Антипапи постојат и денес, но сите тие се незначајни, без поддршка од ниеден кардинал. Такви примери се Палмаријанците, Апостолите на бескрајната љубов и непознат број на разни седевакантистички правополагачи.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Antipope“. Encyclopædia Britannica. 30 мај 2023. Посетено на 26 јуни 2023.
- ↑ „Saint Hippolytus of Rome“. Encyclopædia Britannica (англиски). 3 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 21 октомври 2023. Посетено на 6 декември 2021.
- ↑ Dal Covolo, Enrico (сепември 1997). „The catacombs the destination of the great jubilee“. Tertium Millennium. Архивирано од изворникот 10 септември 2007. Посетено на 26 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Црковна историја, V, 28
- ↑ Dix, Gregory; Chadwick, Henry (2013). The Treatise on the Apostolic Tradition of St Hippolytus of Rome, Bishop and Martyr. Routledge. стр. xvii. ISBN 978-1-1361-0146-5. Посетено на 7 јуни 2017.
- ↑ Dictionary of Christian Biography and Literature: Zephyrinus
- ↑ Chapman, John (1911). „Monarchians“. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton. Архивирано од изворникот 30 септември 2007. Посетено на 3 септември 2007 – преку New Advent.
- ↑ „Pope Martin V“. Catholic Encyclopedia – преку New Advent.
- ↑ „List of Popes“. Catholic Encyclopedia. Посетено на 20 август 2015 – преку New Advent.
- ↑ Previté-Orton, Charles William (1952). The Shorter Cambridge Medieval History. 1 (1975. изд.). Cambridge University Press. стр. 477. ISBN 978-0-5212-0962-5.
- ↑ Kelly, J. N. D.; Walsh, Michael J., уред. (2010). „Celestine (d. 1124)“. A Dictionary of Popes (2. изд.). Oxford University Press. ISBN 978-0-1992-9581-4.
- ↑ Boccapecora Miranda, Salvatore (2018). „Boccapecora, Teobaldo“. The Cardinals of the Holy Roman Church. Florida International University. Посетено на 26 јуни 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Антипапа, Католичка енциклопедија (англиски)
- Антипапа, Енциклопедија Британика (англиски)
- Антипапа, Енциклопедија на папите (англиски)
|