Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.200 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Сателитска снимка на Тенерифе
Сателитска снимка на Тенерифе

Тенерифе — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители, опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија.

Островот го посетуваат пет милиони туристи секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот. Островот е еден од најважните туристички дестинации во Шпанија и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот. Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот.

Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес. Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови.

На островот се наоѓа и Универзитетот на Ла Лагуна, основан во 1792 година во Сан Кристобал де Ла Лагуна. Овој универзитет е најстариот универзитет во Канарските Острови. Градот Ла Лагуна е вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и бил главен град на Канарските Острови пред да го замени Санта Крус во 1833 година. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Африкански савански слон (Loxodonta africana) во националниот парк „Кафуе“, Замбија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гагаузи
Гагаузи
На денешен ден…

Денес е 3 јули 2024 г.

Настани:

321  Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
1583  Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
1881  Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
1900  Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин.
1908  Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција.
1944  Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници.
1949  Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на оператаПродадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев.
1962  По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност.
1973  Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС).
1984  Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници.
1995  Југославија станала европски кошаркарски првак.

Родени:

1421  Џовани ди Козимо де Медичи — италијански банкар.
1423  Луј XIфранцуски крал.
1883  Франц Кафкачешки писател.
1894  Зинаида Рајх — руска и советска глумица, сопруга на Сергеј Есенин и на Всеволд Меерхолд.
1900  Алесандро Блазети — италијански филмски режисер.
1902  Виторио де Сика — италијански филмски режисер и глумец.
1927  Кен Расел — англиски филмски режисер.
1934  Славка Арсова — македонски поет и писател за деца.
1935  Харисон Шмит — американски космонаут.
1939  Љубивое Ршумовиќ — српски поет.
1942  Најдо Георгиевски — македонски поет.
1948  Вади Садех — либанско-австралиски поет.
1949  Емилија Масларова — бугарски политичар.
1949  Костадинка Велковска — хрватска глумица.
1953  Драган Великиќ — српски писател.
1960  Винс Кларк — англиски електро-поп музичар.
1961  Чедомир Јаневски — македонски фудбалер и тренер.
1962  Том Крузамерикански глумец.
1968  Рамуш Харадинај — поранешен водач на ОВК и премиер на Косово.
1971  Џулијан Асанж — австралиски новинар и интернетски активист.
1980  Тарас Данко — украински борач.
1984  Николас Роуш — ирски велосипедист.
1987  Себастијан Фетел — германски возач на Формула 1.
1990  Фабио Ару — италијански велосипедист.
1991  Анастасија Пављученкова — руска тенисерка.
1996  Филип Кузмановски — македонски ракометар.

Починале:

683  Лав IIримски папа.
1918  Мехмед Vсултан на Отоманското Царство.
1969  Брајан Џонсанглиски музичар (поранешен член на рок-групата Ролинг стоунс).
1971  Џим Морисонамерикански музичар и поет, член и основач на рок-групата The Doors.
1977  Александар М. Волковруски математичар и романсиер.
2001  Иван Сламниг — хрватски писател.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич