Славка Арсова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Славка Арсова — македонски поет, писател за деца. Родена е во Скопје на 3 јули 1934 година. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како гимназиски професор[1]. Член на ДПМ од 1993 година.

Автор е на книгите: Вечно постоење (поезија, 1991), Именијада (поезија за деца, 1992), Да полетаме со птиците (поезија за деца, 1993), Пораки на разумот и душата (поезија, 1994), Те имаме земјо вековијо (поезија, 1996), Детски лажго смешки (поезија за деца, 1997), Трепетот на интимата (поезија, 1998), Срцевина си на се (поема, 1998), Дом на месечината (роман за деца, 1999).

Наводи[уреди | уреди извор]