Рамуш Харадинај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Рамуш Харадинај (албански: Ramush Haradinaj), Глоѓане кај Дечани, 3 јули 1968) - поранешен герилски водич на ОВК и поранешен премиер на Косово. Обвинет е за воени злосторства врз Србите за време на Косовската војна.

Биографија[уреди | уреди извор]

Харадинај е роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани во Косово. По демонстрациите на Косовските Албанци, во 1989 година емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини. Во Албанија, во 1996 година, завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, додека во средината на 1997 година се вратил трајно во Косово, каде што, со браќата Даути и Шкељзени, организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април истата година, станал еден од регионалните команданти на ОВК.
Харадинај бил обвинет од правосудните органи во Србија за воени злосторства за време на војната во Косово, поради што е издадена меѓународна потерница по него. Врз основа на тоа, кон крајот на 2016 година, Харадинај бил уапсен во Франција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Харадинај пред суд, Вучиќ бара екстрадиција“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 11.