Разлика помеѓу преработките на „Никола Мартиноски“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
поврзница
(поврзница)
 
== Творештво ==
[[Податотека:„Невеста“ (1937) -Н.Мартиноски.jpg|thumb|mini|right|Сликата [[Невеста (Мартиноски)|„Невеста“]] (1937)]]
[[Податотека:Nikola Martinoski, Berba, Muzej u Smederevu.jpg|мини|десно|[[Берба (Мартиноски)|„Берба“]] (Музеј во Смедерево)]]
=== Почетоци ===
 
Годините до почетокот на [[Втората светска војна]] биле обележани со интензивна активност на Мартиноски. Во 1936 и 1937 година, тој излагал цртежи во [[Загреб]] заедно со хрватскиот уметник [[Томислав Кризман]]. Неговите лирски и реалистични дела на социјални мотиви критиката ги прогласи за „прогресивна уметност”. На скопската изложба на Мартиноски (1936), видлив бил и неговиот интерес за општествената средина која го опкружувала, предадена со „екстремни, импресивни ликовни средства”. Во оваа фаза на [[лирски реализам]], Мартиноски предал слики на сиромашно облечени момчиња и девојчиња со милозливи, носталгични лица и убаво обликувани тела и глави. Најспецифични цртежи на Мартиноски се илустрациите во книгата „Работнички југ” на Р. Пуриќ каде покрај мотивите на „Мајка со дете”, портретирани се резигнирани машки и женски фигури, со чисти линии и без несуштински детали.
 
Во 1936 година, во приватна куќа во Скопје, Мартиноски ја создал и фреската „Пасторала” (или „Селска идила”) со декоративен третман на композицијата, во неговиот претходно разработен стил, близок на Модилјани. Наредната [[1937]] година, Мартиноски излагал со „Облик” во [[Рим]] и [[Солун]]. Тогаш настанала [[Невеста (Мартиноски)|„Невеста”]], инспирирана од Кислинг и од низа медитерански поттици, изработена со милозливо, деликатно обликувано лице, издолжено и благо опуштено тело.
 
;Социјален реализам (1938-1941)

Прегледник