Берба (Мартиноски)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Берба
Творец Никола Мартиноски
Година 1929
Димензии 52,5 см × 63 см
Место Музеј на Смедерево

Берба или Девојка со грне и младич – слика од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1929 година со димензии 52,5х63 см и се наоѓа во Музејот на Смедерево.

На сликата централно е поставена крупна фигура на девојка во сива кошула. Таа во рацете држи едно големо земјано грне. Десно од неа, гледаме стоечка фигура на момче. На платното, блиску до левиот раб, се извива пат на кој стои мало црно кученце и кој води до куќа во заднината на сликата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пенушлски, Кирил (2016). Никола Мартиноски до 1945. Скопје: Министерство за култура на Република Македонија. стр. 49. ISBN 978-608-257-002-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help); |access-date= бара |url= (help)