Монторо (Италија)
| Монторо Montoro | ||
|---|---|---|
| општина | ||
Поглед на Сант'Еустакио и Сан Пјетро | ||
| ||
Монторо во покраината Авелино | ||
| Земја | Италија | |
| Регион | Кампанија | |
| Покраина | Авелино (AV) | |
| Управа | ||
| • Градоначалник | Марио Бјанкино | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 40,14 км2 (1,550 ми2) | |
| Надм. вис. | 190 м | |
| Население (2022)[1] | ||
| • Вкупно | 19.195 | |
| • Густина | 4,8/км2 (12/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Пошт. бр. | 83025 | |
| Повик. бр. | 0825 | |
| Светец заштитник | Никола Толентински | |
| Слава | 10 септември | |
| Мреж. место | Матична страница | |
Монторо (италијански: Montoro, неаполски: Muntuorë; месно: Montorë) — општина во покраината Авелино на регионот Кампанија, јужна Италија. Седиште е гратчето Пјано.
Историја
[уреди | уреди извор]Општината е создадена на 3 декември 2013 г. по одржаниот референдум со кој се споени дотогашните општини Монторо Инфериоре и Монторо Супериоре (Долно и Горно Монторо).[2] Во 2015 г. добил статус на град со претседателски указ потпишан од Серџо Матарела.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа во југозападниот дел на покраината, на границата со покраината Салерно. Се граничи со општините Брачиљано, Калванико, Контрада, Фишано, Форино, Меркато Сан Северино и Солофра.[4]
Поделоци
[уреди | уреди извор]Општината има 15 поделоци:
- Атерана
- Банѕано
- Боро
- Калијано
- Кјуза
- Мишано
- Пјано
- Пјаца ди Пандола
- Претуро
- Сан Бартоломео
- Сан Пјетро
- Сан Феличе
- Сант'Еустакио
- Торкјати
- Фиљоли
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Монторо го опслужуваат три железнички станици на линијата Беневенто-Авелино-Салерно: Монторо-Форино (во Пјано), Борго и Монторо Супериоре (меѓу Торкјати и Банцано).
До општината водат два излеза од автопатот RA2 Салерно-Авелино: „Монторо Југ“ (Montoro Sud) кај Пјаца ди Пандола и „Монторо Север“ (Montoro Nord) кај Торкјати.
Личности
[уреди | уреди извор]- Агостино Кардамоне (р. 1965) — боксер
- Џузепе Де Фалко (1908-1955) — политичар
- Лионело Де Феличе (1916-1989) — филмски режисер
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Извор: Istat 2015
- ↑ Италијански регионален закон бр. 16, 11 ноември 2013 г. (италијански)
- ↑ Монторо стана град со потпис на Матерела (италијански)
- ↑ 40789 Монторо на OpenStreetMap
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Монторо“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Монторо[мртва врска] (италијански)
- Монторо на порталот „Италијански општини“ (италијански)
- Монторо на порталот „Цела Италија“ (италијански)