Калтенкирхен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калтенкирхен
Градско собрание на Калтенкирхен
Градско собрание на Калтенкирхен
Грб на Калтенкирхен
Калтенкирхен се наоѓа во Германија
Калтенкирхен
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Зегеберг
Градоначалник Хано Краузе (CDU)
Основни податоци
Површина 23,1 км2
Надм. височина 31 м
Население 20.331 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 880 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SE
Пошт. бр. 24568
Повик. бр. 04191
Портал www.kaltenkirchen.de
Местоположбата на градот Калтенкирхен во рамките на округот Зегеберг
Карта
Координати 53°50′23″ СГШ 9°57′37″ ИГД / 

Калтенкирхен (германски: Kaltenkirchen) — град во близина на Хамбург во Германија. Се наоѓа во округот Зегеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Калтенкирхен-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.

Историја[уреди | уреди извор]

Прв пат бил споменат во XIV век, а најмногу се разви за време на индустриската револуција, каде се доселиле многу работници од Хамбург.

Во текот на Втората светска војна, привремениот аеродром ги штител северните градови од бомбашки напади, но во текот на нападите на Хамбург аеродромот бил уништен и никогаш не бил обновен. Сега е останато само празно поле. Концентрацискиот камп Калтенкирхен[2] бил основан во август 1944 година, а бил затворен во април 1945 година како подкамп на концетрацискиот камп Нојенгаме. Во кампот умреле околу 700 затвореници.

Постоеле одредени размислувања Хамбуршкиот аеродром да се префрли во Калтенкирхен во 1970-тите, но тие не се оствариле.[3]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Калтенкирхен е познат во северниот дел на Германија како средишна точка на железничката компанија АКН (Алтона — Калтенкирхен — Нојминстер) за возовите кои поврзуваат многу од помалите градови во Шлезвиг-Холштајн со У-Железницата на Хамбург. Ова го прави Калтенкирхен привлечен за моменталните или идните постојани патници, кои работат во Хамбург.

Нова железничка станица била изградена поради постојаниот пораст на работници и туристи до и од железничката станица.

Калтенкирхен се смета за дом на многу лица кои работат во Хамбург.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Калтенкирхен е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]