Нордерштет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нордерштет
Плоштадот пред Градското собрание
Плоштадот пред Градското собрание
Грб на Нордерштет
Нордерштет се наоѓа во Германија
Нордерштет
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Зегеберг
Градски единици Гарштет, Харксхајде, Фридрихсгабе, Гласхите, Мите
Градоначалник Ханс-Јоахим Гроте (CDU)
Основни податоци
Површина 58,1 км2
Надм. височина 36 м
Население 77.996 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 1.342 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SE
Пошт. бр. 22844–22851
Повик. бр. 040
Портал www.norderstedt.de
Местоположбата на градот Нордерштет во рамките на округот Зегеберг
Карта
Координати 53°42′23″ СГШ 10°00′37″ ИГД / 

Нордерштет (германски: Norderstedt) — град во Германија и дел од метрополитенската област Хамбург. Се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн и претставува петти најголем град во покраината (со околу 75.000 жители), веднаш зад Кил, Либек, Фленсбург и Нојминстер.

Градот бил основан во 1970 година и денес претставува најголем град во округот Зегеберг и од 2005 година го добил статусот „голем окружен град“.

Историја[уреди | уреди извор]

Нордерштет бил создаден со спојување на четири градови на 1 јануари 1970 година: градовите Фридрихсгабе (Friedrichsgabe) и Гарштет (Garstedt), обата припаѓале на округот Пинеберг и градовите Гласхите (Glashütte) и Харкхајде (Harksheide), обата припаѓале на округот Штормарн. Новосоздадениот град бил доделен на округот Зегеберг.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Нордерштет е најјужниот град во округот Зегеберг и се граничи во југоисточниот дел со Хамбург.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Нордерштет е опслужуван од автопатот А7 преку излезот Хамбург-Шнелзен-Норд (Нордерштет-Зид), сместен на територија на Хамбург, на југ, и излезот 23 Квикборн на север. Други врски се сојузните автопати Б432 и Б433.

Најблискиот аеродром е оној во Хамбург, чија писта 33 се протега низ покраничната граница во Нордерштет.

Нордерштет нема железничка станица на Германските железници. Постојат мал број на возови помеѓу Улцбург Зид на север и Нордерштет Мите на југ. Нордерштет Мите е исто така крајна станица на линијата У1 на хамбуршката У-Железница. Времето на патување од главната железничка станица ов Хамбург до Нордерштет Мите е околу 40 минути. Други две станици на линијата во градот се Рихтвег и Гарштет.[2]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Нордерштет е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]