Арџеш (округ)
| Округ Арџеш Argeş | |
|---|---|
| Покраина | Мунтенија |
| Седиште | Питешт |
| Население | 652.625 (2002) |
| Површина | 6.862 km2 |
| Густина на населеност | 95/km2 |
| ISO 3166-2 шифра | RO-AG |
| Мрежно место | www.cjarges.ro |
Арџеш (романски: Judeţul Argeş) — округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Питешт, а значајни градови се и Курта де Арџеш и К’мпулунг.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]
Округот Арџеш е копнен округ во Романија. Окружен е:
Релјеф
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна покраина Мунтенија. Низ округот тече реката Арџеш, по која округот го добил и името. Северниот дел на Арџеш има планински карактер, каде се простираат Карпатите, во средишниот дел се простираат шуми, кои ко јужниот дел постепено преминуваат во Влашката Низина.
Демографија
[уреди | уреди извор]Арџеш спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, етничкиот состав во округот го сочинуваат:
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:
| Година | Население[2] |
|---|---|
| 1948 | 448.964 |
| 1956 | 483.741 |
| 1966 | 529.833 |
| 1977 | 631.918 |
| 1992 | 681.206 |
| 2002 | 652.625 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Округот Арџеш е едн од најразвиените индустриски региони во Романија. Во него има рафинерија за нафта, а во Миовени, односно К’мпулунг се наоѓаат седиштата на автомибилските производители „Дачија“, односно АРО.
Од индустриските гранки, најразвиени се:
- автомобилската индустрија;
- хемиската индустрија;
- производството на електрична опрема и апарати за домаќинството
- прехранбената индустрија;
- текстилната индустрија; и
- производството на градежни материјали.
Нафтата се исцрпува во средишниот и во јужниот дел на округот. Во округот има и рудници на јаглен, а во близина на Миовени се наоѓа центар за јадрено истражување и производство на јадрено гориво за потребите на атомската централа во близина на Чернавода. По течението на реката Арџеш распоредени голем број на хидроцентрали, од кои најзначајна е хидроцентрљлата Видрару, со соодветната брана.
Ридестите предели во округот се погодни за одгледување на овошје, а во овие предели се произведува и вино, а јужниот дел е погоден за одгледување на жито.
Туризам
[уреди | уреди извор]Глаавни туристички одредишта во округот се:
- градот Питешт;
- градот Курта де Арџеш, во чијашто близина се наоѓа манастирот Курта де Арџеш;
- пределот меѓу градовите К’мпулунг и Рукар;
- Прекуфагарашкиот пат на Фагарашките Планини;
- планината Леата;
- дворецот Појенари; и
- манастирот Котмана.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Округот е поделен на 3 општини, 4 градови и 95 општини.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie" Архивирано на 16 август 2009 г.
- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" Архивирано на 22 септември 2006 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Арџеш (округ)“ на Ризницата ? |
