Бихор (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Округ Бихор
Bihor
Грб
Местоположба на округот Бихор во Романија
 
Покраина Кришана
Седиште Орадеа
Население 600.223 (2002)
Површина 7.544 km2
Густина на населеност 84/km2
ISO 3166-2 шифра RO-BH
Мрежно место www.cjbihor.ro


Бихор (романски: Judeţul Bihor; унгарски: Bihar megye) е округ во Романија, сместен во северозападниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Орадеа, а значаен е и градот Салонта.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Орадеа е главен град на округот.

Округот Бихор е копнен округ во Романија и пограничен кон Унгарија. Окружен е:

Релјеф[уреди | уреди извор]

Бихор се наоѓа во историската област Кришана. Западниот дел од округот е рамничарски, во кој се простира Панонската низина, додека источниот дел е планински со планината Бихор. Големо значење за округот има реката Кереш, која тече во правец исток-запад.

Демографија[уреди | уреди извор]

Округот спаѓа во повеќенационалните окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 67,6% од населението во округот, Унгарците 26%, 5% се Роми, 1,2% Словаци, а 0,2% се припадници на некоја друга етничка заедница.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]