Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Кузман и Дамјан
Мали Свети Врачи

Мал Св. Врачи 03.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба
Населено место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кузман и Дамјан
Живопис 14 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“
Банкнота од 1000 денари. Приказот на Богородица Епискепсис, е икона од црквата Мали Св. Врачи

Свети Кузман и Дамјан попозната како Мали Свети Врачи е македонски православен христијански црковен храм во Охрид. Се наоѓа веднаш под црквата Св. Константин и Елена, во непосредна близина црквата Пресвета Богородица Челница.[1] Нема податоци за времето на подигањето на црквата бидејќи е уништен поголемиот дел од фрескоживописот. Најпозната икона од оваа црква е преставена на аверсот од банкнотата на 1000 денари.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Живопис

Живописот на црквата датира од XIV век. Највпечатливи се насликаните портрети на патроните од оваа црква, светите врачи Кузман и Дамјан, насликани на јужниот ѕид во една засведена арка. Во оваа црква за прв пат е насликан Св. Климент Охридски, кој како патрон и заштитник на Охрид е претставен со модел на градот, кој го држи во рацете. Во олтарната апсида е насликан ликот на охридскиот архиепископ Константин Кавасила.

Иконостас

Сочуваниот дрвен иконостас со тордирани столбови, е најстариот сочуван иконостас од XIV век во Македонија.[3] По конзерваторските работи од 1964 година, тој е целосно консолидиран. Иконостасот ја зафаќа целата широчина на коработ (околу 3 м), a висок е 190 см. Составен е од пет монолитни колонки во резба со капители и архитрав над нив. За разлика од едноставниот, без резба, архитрав, сите други делови на иконостасот имаат извонредна уметничка резбана изведба. Освен двете јужни колони кои се слични само со украсниот мотив на т.н. „Херкулов јазол", другите две колони се сосема различни: едната со изглед на преплетено јаже, а другата на тордиран столб. Бидејќи најстарата фреско-декорација во оваа црква потекнува приближно од 1325 година, се смета дека и иконостасот во црквата е од тоа време, нарачано од истиот анонимен ктитор. Двете најубави колони од овој иконостас денес се наоѓаат во Ширванот на најгорниот кат во куќата на Робеви, кој служи како охридска резиденција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црквата Мали Свети Врачи“ (на македонски). Општина Охрид. http://www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/sv_vrachi.htm. конс. 23 март 2012 г. 
  2. „1000 ДЕНАРИ“ (на македонски). Народна банка на Македонија. http://www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=77473F11FECDDB47A320C9106FE8F2AD. конс. 23 март 2012 г. 
  3. Василевски, Игор (Окт 22). „Македонската резба - гордост или научно табу“ (на македонски). Ахитект.мк. http://architect.mk/arhitektura/domashna/80-makedonskata-rezba-gordost-ili-nauchno-tabu. конс. 23 март 2012 г. 

Галерија[уреди | уреди извор]