Горно Лисиче: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°58′33″N 21°29′15″E / 41.97583° СГШ; 21.48750° ИГД / 41.97583; 21.48750
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:
}}
}}

'''Горно Лисиче''' (познато и едноставно како '''Лисиче''' или '''село Лисиче''' (поради што било рурално населено место)) е населба и предградие во [[Општина Аеродром]], во градот [[Скопје]].
'''Горно Лисиче''' (познато и едноставно како '''Лисиче''' или '''село Лисиче''' (поради што било рурално населено место) е населба и предградие во [[Општина Аеродром]], во градот [[Скопје]].

== Географија и местоположба ==
== Географија и местоположба ==

[[Податотека:Gorno Lisice from Usje.JPG|мини|лево|Поглед на Горно Лисиче од ридовите кај село [[Усје]]]]
[[Податотека:Gorno Lisice from Usje.JPG|мини|лево|Поглед на Горно Лисиче од ридовите кај село [[Усје]]]]

Горно Лисиче е голема населба во рамничарскиот дел на Скопското поле во алувијалната рамнина на реките [[Вардар]] и [[Маркова Река]]. Населбата се наоѓа на 5 километри источно од центарот на [[Скопје]]. Расположено е на десниот брег на реката [[Вардар]] и непосредно до вливот на [[Маркова Река]] во Вардар. Граничи со населените места [[Долно Лисиче]] на исток, [[Пинтија]] на југ, на запад со [[Ново Лисиче]], [[Реонски Центар]] и [[Лисиче (населба во Скопје)|Лисиче]] и на север граничи со реката [[Вардар]]. Низ Горно Лисиче тече [[Усјански Канал|Усјанскиот Канал]], кој потоа се влева во реката Вардар.
Горно Лисиче е голема населба во рамничарскиот дел на [[Скопско Поле|Скопското поле]] во алувијалната рамнина на реките [[Вардар]] и [[Маркова Река]]. Населбата се наоѓа на 5 километри источно од центарот на [[Скопје]]. Расположено е на десниот брег на реката [[Вардар]] и непосредно до вливот на [[Маркова Река]] во Вардар. Граничи со населените места [[Долно Лисиче]] на исток, [[Пинтија]] на југ, на запад со [[Ново Лисиче]], [[Реонски Центар]] и [[Лисиче (населба во Скопје)|Лисиче]] и на север граничи со реката [[Вардар]]. Низ Горно Лисиче тече [[Усјански Канал|Усјанскиот Канал]], кој потоа се влева во реката Вардар.

==Етимологија==
==Етимологија==
Ред 37: Ред 35:
Првите пишани извори за Горно Лисиче потекнуваат од почетокот на {{римски|14}} век, односно од 1300 година. За прв пат селото со името Лисиче (но не е сигурно дали тогаш физички претставувало една населба со [[Долно Лисиче]]) се споменува во повелбата на [[Кралство Србија (средновековно)|српскиот крал]] [[Стефан Милутин|Милутин]] (1282-1321), издадена на обновениот манастир „Св. Ѓорѓи“ кај [[Скопје]]. Со оваа повелба српскиот крал му подарува имот на манастирот „Св. Ѓорѓи“. Во оваа повелба се наведува патот кој води во Лисиче, а доаѓал од Скопје.<ref>{{cite book |editor-last=Грујиќ |editor-first=Радослав |title=Три хиландарске повеље, Зборник за историју Јужне Србије и суседних области |page=10 |series=книга 1 |publisher= |location=Скопје |year=1936 |edition= |isbn=|}}</ref>

За патот кој водел во Лисиче во своите проучувања напипал и Миодраг Пурковиќ. Тој во својата опсежна студија за пописот на селата рамките во средновековната држава, објавена во 1940 година, за селото Лисиче го запишал следново:
За патот кој водел во Лисиче во своите проучувања напишал и Миодраг Пурковиќ. Тој во својата опсежна студија за пописот на селата рамките во средновековната држава, објавена во 1940 година, за селото Лисиче го запишал следново:
„Лисиче, во 1300 година се споменува патот кој води во село Лисиче, денес Горно и Долно Лисиче во Скопје“.<ref>{{cite book |editor-last=Пурковиќ |editor-first=Миодраг |title=Попис села у средновековној Србији, Годишњак Скопског Филозофског факултета |page=112 |series=книга 4 |publisher=[[Филозофски факултет - Скопје]] |location=Скопје |year=1940 |edition= |isbn=|}}</ref>

Ред 51: Ред 49:
== Демографија ==
== Демографија ==

Уште по одамна Горно Лисиче било поголема селска населба во Скопската котлина, но по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] и забрзаната индустријализација на непосредната околина (изградбата на фабриките: ОХИС, Хемтекс, Стакларница, Цементарница, ТИПО) започнува огромен бран на доселување на луѓе од цела [[Македонија]]. Поради големиот број на жители, Горно Лисиче е второ населено место по големина надвор од потесното градско подрачје на [[Скопје]], после [[Драчево]].
Уште по одамна Горно Лисиче било поголема селска населба во Скопската котлина, но по [[Втората светска војна]] и забрзаната индустријализација на непосредната околина (изградбата на фабриките: ОХИС, Хемтекс, Стакларница, Цементарница, ТИПО) започнува огромен бран на доселување на луѓе од цела [[Македонија]]. Поради големиот број на жители, Горно Лисиче е второ населено место по големина надвор од потесното градско подрачје на [[Скопје]], после [[Драчево]].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 18.233 жители. Следува табела на националната структура на населението<ref>http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.</ref>

Ред 106: Ред 104:
'''Турци'''
'''Турци'''

* Феим (1 к.) доселени се после [[Прва светска војна|Првата светска војна]] од [[Скопје]].<ref name=":0" />
* Феим (1 к.) доселени се после [[Првата светска војна]] од [[Скопје]].<ref name=":0" />

Забелешка: Бројот на колена/генерации е до 1958 година односно до издавањето на книгата „Слиб Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ на Јован Трифуновски. Бројката на денешните генерации е различна.

== Општествени институции ==
== Општествени институции ==

[[Податотека:Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче DG 20121023 150155.jpg|мини|десно|Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче]]
[[Податотека:Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче DG 20121023 150155.jpg|мини|десно|Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче]]

Во Горно Лисиче работи осумгодишното основно училиште [[ОУ „Гоце Делчев“ - Горно Лисиче]], како и повеќе приватни лекарски амбуланти, угостителски објекти и земјоделски аптеки и продавници.
Во Горно Лисиче работи осумгодишното основно училиште [[ОУ „Гоце Делчев“ - Горно Лисиче]], како и повеќе приватни лекарски амбуланти, угостителски објекти и земјоделски аптеки и продавници.
=== Цркви ===

=== Цркви ===
* [[Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче|Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“]]
* [[Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче|Црква „Св. Апостоли Петар и Павле“]]
* [[Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горно Лисиче|Црква „Св. Ѓорѓи“]] - осветена на 10 март 2013 година;<ref>[http://www.spe.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=686:2013-03-10-21-54-19&catid=36:novosti&Itemid=2 Осветена црквичката „Св. вмч. Георгиј“ во н. Г. Лисиче] Македонска Православна Црква - Скопска епархија. 11 март 2013</ref>

Ред 123: Ред 120:
===Парк "Бановина"===
===Парк "Бановина"===
Проектот бил започнат во 2012 година. Хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како „Бановина“ во Горно Лисиче во близина на ул. Ѓорѓи Капчев, е изграден нов зелен парк со вкупна површина од 6.500 квадратни метри со тревна површина од 2.310 квадратни метри, која е уредена со висока и ниска вегетација. Исто така во паркот е изградена и црква која сѐ уште не е именувана и не се знае кога ќе биде нејзиното осветување.<ref>[http://daily.mk/makedonija/gorno-lisiche-dobi-park-so-povrshina-od-6500-metri-kvadratni Горно Лисиче доби парк со површина од 6.500 метри квадратни] build.mk 12 февруари 2013</ref>

===Рајски парк===
===Рајски парк===
Во февруари 2015 година започнала изградба на парк на кејот на реката [[Вардар]].<ref>[http://www.aerodrom.gov.mk/novosti-zhivot.213/items/pochna-izgradba-na-nov-park-pokra-keot-na-vardar.html ПОЧНА ИЗГРАДБА НА НОВ ПАРК ПОКРАЈ КЕЈОТ НА ВАРДАР] aerodrom.gov.mk 11 февруари 2015</ref> Во јули 2016 година, паркот бил пуштен во употреба.<ref>[http://www.aerodrom.gov.mk/vest/1397 ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НАЈГОЛЕМИОТ ПАРК ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ] aerodrom.gov.mk 28 јули 2016</ref>

Ред 136: Ред 134:

== Личности ==
== Личности ==
*[[Борис Змејковски]] - еден од основачите на [[ВМРО-ДПМНЕ]], пратеник во првиот собраниски состав од 1990 година, учесник на првиот коњички Илинденски марш во 1978, вршител на повеќе општествени дејности и функции
*[[Борис Змејковски]] - еден од основачите на [[ВМРО-ДПМНЕ]], пратеник во првиот собраниски состав од 1990 година, учесник на првиот коњички Илинденски марш во 1978 година

== Култура и спорт ==
== Култура и спорт ==
Фудбалскиот клуб [[ФК Горно Лисиче|Горно Лисиче]] кој моментално се натпреварува во Општинската фудбалска лига - Кисела Вода (4. ранг). Клубот е поранешен учесник во [[Прва македонска фудбалска лига|Првата македонска лига]] во сезоната [[Прва фудбалска лига на Македонија 2013/2014|2013/14]], а е повеќекратен учесник во [[Втора македонска фудбалска лига|Втората македонска фудбалска лига]].

Ред 158: Ред 157:

* [[Најдо Георгиевски]], поет и наставник по македонски јазик во [[Гетеборг]], [[Шведска]]
* [[Најдо Георгиевски]], поет и наставник по македонски јазик во [[Гетеборг]], [[Шведска]]

== Надворешни врски ==

== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}

== Надворешни врски ==
{{Мак-никулец}}
{{рв|Gorno Lisiče}}

{{Населби во Скопје}}
{{Населби во Скопје}}

Преработка од 17:37, 30 март 2020

Горно Лисиче

Поглед на дел од Горно Лисиче од надвозникот на пругата

Горно Лисиче во рамките на Македонија
Горно Лисиче
Местоположба на Горно Лисиче во Македонија
Горно Лисиче на карта

Карта

Координати 41°58′33″N 21°29′15″E / 41.97583° СГШ; 21.48750° ИГД / 41.97583; 21.48750
Општина Општина Аеродром
Пошт. бр. 1000 Скопје
Шифра на КО 25054, 25554, 25169
Надм. вис. 234 м
Горно Лисиче на Ризницата

Горно Лисиче (познато и едноставно како Лисиче или село Лисиче (поради што било рурално населено место) е населба и предградие во Општина Аеродром, во градот Скопје.

Географија и местоположба

Поглед на Горно Лисиче од ридовите кај село Усје

Горно Лисиче е голема населба во рамничарскиот дел на Скопското поле во алувијалната рамнина на реките Вардар и Маркова Река. Населбата се наоѓа на 5 километри источно од центарот на Скопје. Расположено е на десниот брег на реката Вардар и непосредно до вливот на Маркова Река во Вардар. Граничи со населените места Долно Лисиче на исток, Пинтија на југ, на запад со Ново Лисиче, Реонски Центар и Лисиче и на север граничи со реката Вардар. Низ Горно Лисиче тече Усјанскиот Канал, кој потоа се влева во реката Вардар.

Етимологија

Името на селото Лисиче спаѓа во онаа група населени места кои влечат корен од животинскиот вид лисица. Според старите преданија, кои во текот на генерациите се пренесувале меѓу жителите на Горно Лисиче, на просторот кадешто сега се наоѓа населбата, некогаш имало многу лисици. Во тоа време селото се наоѓало на околу 700 метри подалеку од сегашната населба, покрај самата утока на Маркова Река во Вардар. На сегашното место на населбата имало ниви и ледини. Затоа лисиците тука во голем број живееле и крстареле во потрага за храна по околните селски населби. Целата област (каде што се наоѓаат Горно и Долно Лисиче) луѓето ја викале лисичка земја.[1]

Оваа верзија ја прифатил и етнографот д-р Јован Хаџи Васиљевиќ. Тој во врска со ова го запишал следново:

„Селата (во скопска околија, н.з.) коишто добиле име по разни животни се следниве: Кози Дол, Враништа, Песја Чука, Кучково, Орланци, Лисиче, Лисичка Дупка, Пиштиорли, Вучи Дол, Кокошињец, Вучило Веки (Бардовци), Пужавина, Чавчини итн“.[2] 

Со научното истражување на д-р Љубива Станковска се потврдило фактот дека името на селото потекнува од зоонимот лисица. Според неа:

„Тоа е етничко име добиено со топонимизација на некогашниот етник во множина лисичани, образуван од постарите топоними Лисича (Планина), Лисиче (Место) со етничкиот суфикс - ани, непалативната варијанта на суфиксот - јани. Придавските компоненти Лисича, Лисиче се образуваат со придавскиот суфикс - јь, а во основата се наоѓа апелативот лисица (Canis vulpes). 
Зоонимот лисица < старословенски лисица е општословенска лексема која потекнува од прасл. лисица, а за врска се претпоставува коренот leip-so. Во старословенскит се употребувал и апелативот лисъ "лисица".
Наполно идентичен ојконим е името на исчезнатото село Лисичане (Скопско). Основата на името на селото Лисиче обично се изведува од зоонимот лисица. Село Лисиче има и во Велешко.
Ојконимот Лисиче претставува елиптично име добиено со супстантивизација на придавката од постарата синтагматска форма Лисиче (село), а при неговото образување учествувал придавскиот суфикс - јь, во формата за се. р.-је.
Бидејќи во именскиот фонд на словенските јазици името на животното е познато и како лично име, при објаснувањето на етимологијата на овие топонимски единици може да станува збор и за изведување од личното име Лисица“.[3]

Историја

Среден век

Првите пишани извори за Горно Лисиче потекнуваат од почетокот на XIV век, односно од 1300 година. За прв пат селото со името Лисиче (но не е сигурно дали тогаш физички претставувало една населба со Долно Лисиче) се споменува во повелбата на српскиот крал Милутин (1282-1321), издадена на обновениот манастир „Св. Ѓорѓи“ кај Скопје. Со оваа повелба српскиот крал му подарува имот на манастирот „Св. Ѓорѓи“. Во оваа повелба се наведува патот кој води во Лисиче, а доаѓал од Скопје.[4]

За патот кој водел во Лисиче во своите проучувања напишал и Миодраг Пурковиќ. Тој во својата опсежна студија за пописот на селата рамките во средновековната држава, објавена во 1940 година, за селото Лисиче го запишал следново:

„Лисиче, во 1300 година се споменува патот кој води во село Лисиче, денес Горно и Долно Лисиче во Скопје“.[5]

Името Лисиче, односно Лисичани (можеби се однесува на исчезнатото скопско село Лисичане) е документирано и во грамотата на Михаил IX Палеолог од 1299 со која се подаруваат имоти на Манастирот „Св. Никита“ кај Скопје, како и во преводот на грамотата на Андроник II Палеолог за истиот манастир од 1299-1300 година, дополнета со Милутиновата грамота од 1308 година, со која се потврдени приложувата и дарувањата на римскиот император Андроник II Палеолог на тој манастир на Скопска Црна Гора.[6]

Османлиски период

Географот - етнолог Јован Трифуновски во книгата „Слив Маркове Реке“ дава податоци според кажувањата на селаните. Некаде на почетокот на 18 век населбата страдала од колера. Сепак во Горно Лисиче до денес има голем број на старинци кои живеат повеќе векови во населбата. После колерата започнале доселувања од другите предели на Македонија и тоа Овче Поле, Прилепско, Велешко и скопските села под Китка.

Економија

Поради местоположбата и големината Горно Лисиче е економски доста развиено подрачје. Денес населението се занимава претежно со секундарни и терциерни стопански дејности, а еден дел се занимава и со градежништво и градинарство-земјоделство за сопствени потреби. Во Горно Лисиче работат и расадникот за овошки и цвеќе „Цветан Димов“, земјоделски продавници и аптеки, авто-сервиси и отпади, индустриско-занаетчиски погони и стоваришта („Еуромилк“, „Шипад“, „Пилко“), угостителски објекти, приватни лекарски ординации и училишта за странски јазици. Порано најголем дел од населението се занимавало со земјоделство особено со градинарство и производство на зеленчук и ран зеленчук под пластеници. Најзастапени градинарски производи биле: пиперка, домат, зелка, марула, морков, кромид, компир, млад кромид и лук, а од житните култури: пченица и пченка.

Демографија

Уште по одамна Горно Лисиче било поголема селска населба во Скопската котлина, но по Втората светска војна и забрзаната индустријализација на непосредната околина (изградбата на фабриките: ОХИС, Хемтекс, Стакларница, Цементарница, ТИПО) започнува огромен бран на доселување на луѓе од цела Македонија. Поради големиот број на жители, Горно Лисиче е второ населено место по големина надвор од потесното градско подрачје на Скопје, после Драчево.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 18.233 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 16.408
Албанци 721
Турци 93
Роми 357
Власи 98
Срби 405
Бошњаци 20
Други 121

Родови

Според податоците од 1950 година, како родови во Горно Лисиче се спомнуваат.

Македонски

  • Прнзовци (8 к.), Спасевци (2 к.), Нацовци (1 к.), Митковци (2 к.), Брусевци (1 к.), Грџовци (1 к.), Докинчевци (4 к.), Тодевци (4 к.), Стамболовци (1 к.), Ацковци (5 к.) и Трпчевци (3 к.) они се рачунаат како староседелци во селото. Првите два рода некогаш биле еден род. Во родот Митковци живее домазет од селото Добри Дол, подалечно потекло од прилепско; Козаровци (6 к.) стари доселеници од некогашното село Козарево, кое се наоѓало во атарот на селото Света Петка; Џиковци (4 к.) стари доселеници од селото Инџиково; Градовчани (4 к.) и Бошковци (4 к.) доселени се од планинското село Градовци. Од Градовци се доселиле браќата Цветан, Крсте, Стевко и Бошко. Денешното население на овие родови потекнува од браќата Цветан и Бошко; Маџарчани (3 к.) доселени се од Маџари; Стојановци (1 к.) и Дамевци (1 к.) доселени се од прилепско. Овде живеат од 19ти век; Станоовци (4 к.) доселени се од Драчево. Таму имале роднини; Несторовци (1 к.) и они се доселени од Драчево; Мирковци (6 к.) по потекло се од некое село во Овче Поле. Од таму се населиле најпрво во Долно Лисиче, па потоа прешле во Горно Лисиче. Тоа било во 19ти век; Ѓорговци (6 к.) доселени се во средината на 19ти век од Долно Лисиче; Полтуриновци (7 к.) доселени се средината на 19ти век од Драчево. Таму имале истоимени роднини, подалечно потекло од кумановско; Неделковци (5 к.) порано ги викале прилепци. Доселени се од прилепско, средината на 19ти век; Газиновци (4 к.) доселени се од Драчево. Таму имале роднини, припаѓале на групата староседелски родови, по потекло од Бразда-Салаково; Киселчани (3 к.) доселени се од Кисела Вода; Велешковци (11 к.) доселени се средината на 19ти век од велешко; Мијаковци (3 к.) доселени се од некое село во мијачкиот крај; Љубошани (1 к.) доселени се средината на 19ти век од селото Љубош; Костевци (1 к.) доселени се од некое село во кумановско; Дандаровци (2 к.) доселени се од Трубарево во околу 1920 година. Во Драчево имаат истоимени роднини. Најстаро познато потекло имаат од селото Драчевица на Китка. Од околу 1850 до 1900 година, веќе живеле во Горно Лисиче; Крапчевци (8 к.) доселени се од Драчево, подалечно потекло од Бразда-Салаково; Бардовчани (4 к.) доселени се од селото Бардовци; Шиндровци (8 к.) доселени се од Драчево. Таму имале роднини (Шиндра); Василковци (7 к.) доселени се од селото Долно Лисиче; Трубачевци (3 к.) доселени се од селото Трубарево; Анѓелковци (1 к.) доселени се од селото Ракотинци; Стојан (1 к.) доселени се од селото Говрлево. Таму биле староседелци; Кочовци (1 к.) доселени се во 1918 година од Велес; Поповиќи (2 к.) доселени се од селото Кучевиште; Џоле (1 к.) доселени се после 1918 година од Тетово; Петровски (1 к.) доселени се од штипско; Сиљанов (1 к.) доселени се од селото Брест во Порече; Марко (1 к.) доселени се од Тетово; Митрини (1 к.) доселени се во 1923 година од некое село во Порече; Анѓеле (1 к.) познати и како Поречанци. Доселени се од некое село во Порече; Симиќ (1 к.) доселени се во 1923 година од Тетово; Милиќ (1 к.) исто време и место на доселување како и претходниот род; Анѓеле (1 к.) доселени се од селото Булачани; Коле (1 к.) исто место и време на доселување како и претходниот род; Серафин (1 к.) доселени се во 1942 година од Крива Паланка; Пагарушани (1 к.) доселени се од селото Пагаруша, после Втората светска војна; Брезовчани (7 к.) се делат на Ѓоревци (1 к.), Стевановци (3 к.), Трпевци (2 к.) и Синадиновци (1 к.) доселени се од селото Пуста Брезница. Подалечно потекло од Порече. Ѓоревци од Манастирец, Стевановци од Ковач, Трпевци од Томино Село, и Синадиновци од Здуње.[8] Мерсељовци (5 к.) доселени се од селото Пагаруша. Таму припаѓале на родот Јуцовци, подалечно потекло од мијачкото село Жировница. Поради брачни врски со Турците почнал да преовладува и турскиот јазик помеѓу припадниците на овој род.[8]

Ромски

  • Амиговци (3 к.), Садиковци (1 к.), Рушитовци (1 к.) и Демировци (1 к.) овде живеат од турско време. Не знаат од каде се доселени; Алитовци (2 к.), Дане (1 к.) и Џеферовци (1 к.) доселени се од селото Шишево; Џеладин (1 к.) доселени се од селото Трновац кај Бујановац.[8]

Српски

  • Петровиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од околината на Пожаревац; Васиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од околината на Крушевац; Стојановиќ (1 к.) доселени се во исто време од околината на Призрен; Милачиќи (1 к.) доселени кога и претходните родови од некое место во Србија; Кргиќ (1 к.) доселени се од Панчево или околината.[8]

Албански

  • Азизовци (8 к.) доселени се во 1927 година од селото Заскок кај Урошевац. Подалечно потекло од северна Албанија; Абдиловци (4 к.) доселени се во 1927 година од селото Доган кај Урошевац. Подалечно потекло од северна Албанија; Амедовци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Кошаре кај Урошевац, подалечно потекло од северна Албанија; Маљовци (6 к.) доселени се од некое село кај Гнилане. Постаро потекло од северна Албанија.[8]

Турци

Забелешка: Бројот на колена/генерации е до 1958 година односно до издавањето на книгата „Слиб Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ на Јован Трифуновски. Бројката на денешните генерации е различна.

Општествени институции

Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче

Во Горно Лисиче работи осумгодишното основно училиште ОУ „Гоце Делчев“ - Горно Лисиче, како и повеќе приватни лекарски амбуланти, угостителски објекти и земјоделски аптеки и продавници.

Цркви

Паркови и зеленило

Парк "Бановина"

Проектот бил започнат во 2012 година. Хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како „Бановина“ во Горно Лисиче во близина на ул. Ѓорѓи Капчев, е изграден нов зелен парк со вкупна површина од 6.500 квадратни метри со тревна површина од 2.310 квадратни метри, која е уредена со висока и ниска вегетација. Исто така во паркот е изградена и црква која сѐ уште не е именувана и не се знае кога ќе биде нејзиното осветување.[10]

Рајски парк

Во февруари 2015 година започнала изградба на парк на кејот на реката Вардар.[11] Во јули 2016 година, паркот бил пуштен во употреба.[12]

Администрација и политика

Горно Лисиче е поделено на три урбани заедници: Горно Лисиче - Југ, Горно Лисиче - Запад и Горно Лисиче - Север.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Секоја година, на крајот на јули, се организира и од Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, тргнува традиционалниот коњанички марш до Крушево во чест на македонскиот национален празник Илинден.

Личности

  • Борис Змејковски - еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во првиот собраниски состав од 1990 година, учесник на првиот коњички Илинденски марш во 1978 година

Култура и спорт

Фудбалскиот клуб Горно Лисиче кој моментално се натпреварува во Општинската фудбалска лига - Кисела Вода (4. ранг). Клубот е поранешен учесник во Првата македонска лига во сезоната 2013/14, а е повеќекратен учесник во Втората македонска фудбалска лига.

Јавен превоз

Низ Горно Лисиче сообраќаат 4 автобуски линии од ЈСП Скопје:

  • 7 - Хемтекс - Карпош III
  • 17 - Островска - Касарна Илинден
  • 27 - Вардарска - Дом на Печат
  • 33 - Долно Лисиче - Дом на Печат (оваа линија само минува низ Горно Лисиче)
  • 5 - Ново Лисиче - Дексион (оваа линија минува меѓу Ново Лисиче и Горно Лисиче)
  • 15 - Ново Лисиче - Карпош IV (оваа линија минува меѓу Ново Лисиче и Горно Лисиче)
  • 15А - Ново Лисиче - Карпош IV (преку булевар Илинден) (оваа линија минува меѓу Ново Лисиче и Горно Лисиче)
  • 35 - Ново Лисиче - Станица Север (оваа линија минува меѓу Ново Лисиче и Горно Лисиче)
  • 59а - Ново Лисиче - Гробишта Бутел (оваа линија минува меѓу Ново Лисиче и Горно Лисиче)
  • 23 (приватен превоз) - Дом на Печат - Ченто (оваа линија минува меѓу Ново Лисиче и Горно Лисиче)

Во Горно Лисиче постои железничка станица која преку неа се патува од Скопје до Битола, Кочани и Гевгелија:

Иселеништво

Наводи

  1. Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 18.
  2. Д-р Васиљевиќ, Јован Хаџи, уред. (1930). Скопље и негова околина. Белград. стр. 191.
  3. Д-р Станковска, Љубица, уред. (1995). Македонска ојконимија. книга 1. Скопје. стр. 188-189.
  4. Грујиќ, Радослав, уред. (1936). Три хиландарске повеље, Зборник за историју Јужне Србије и суседних области. книга 1. Скопје. стр. 10.
  5. Пурковиќ, Миодраг, уред. (1940). Попис села у средновековној Србији, Годишњак Скопског Филозофског факултета. книга 4. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 112.
  6. Мошин, Владимир, уред. (1975). Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија. том 1. Скопје. стр. 218.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
  9. Осветена црквичката „Св. вмч. Георгиј“ во н. Г. Лисиче Македонска Православна Црква - Скопска епархија. 11 март 2013
  10. Горно Лисиче доби парк со површина од 6.500 метри квадратни build.mk 12 февруари 2013
  11. ПОЧНА ИЗГРАДБА НА НОВ ПАРК ПОКРАЈ КЕЈОТ НА ВАРДАР aerodrom.gov.mk 11 февруари 2015
  12. ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НАЈГОЛЕМИОТ ПАРК ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ aerodrom.gov.mk 28 јули 2016
  13. Општина Аеродром - Урбани заедници aerodrom.gov.mk

Надворешни врски