Разговор со корисник:Zdravko
Добре дојде!
Здраво, Zdravko, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!
Заинтересирана сум да набавам детски книги од Димитар Димитров, кои се спомнати во творештвото од неговата биографија, најверојатно напишано од Вас. Ве молам дали можете да ми напишете од која издавачка куќа се книгите, на пример, Овчарче?
Его
[уреди извор]Супер е статијата во Его! Напишана за поширока публика, а сепак ги опишува фундаментални придобивки на Википедија! Мислам дека луѓето допрва ќе го сфаќаат поширокото културно значење на Википедија (не зборувам само за Македонија), бидејќи во неа гледаат само корисна енциклопедија. Факт е дека Википедија е нешто повеќе од тоа - тоа е голем процес на де-елитизација на образовниот процес, и воопшто, демократизација на медиумите. Колку е тоа добро или лошо, ќе покаже времето, во секој случај, е неизбежно. Поздрав! --FlavrSavr 22:59, 8 Март 2006 (UTC)
За времето
[уреди извор]Се разбира, корекциите може да ги прави секој. Тоа што сум администратор не менува ништо. Еве зошто сметам дека тоа време е несоодветно - цитирам парафразирано, бидејќи не паметам од збор до збор:
- Кога Македонија се здобиваше со својата културна независност
По мене (и по сите книги што сум ги читал) може да биде:
или:
- Тогаш Македонија се здобива со културна независност,
или:
- Кога Македонија се здобивала со својата културна независнист
Тоа е заради тоа што не сме биле присутни во моментот кога тоа се случувало, значи не раскажуваме случка од личното искуство, а ниту пак тоа се случило пред кратко време (затоа во тој стил пишуваат весниците). Единствената алтернатива на „ученичкото“ пишување (бр.2) е историското сегашно време (бр.1) кое се употребува против сувопарност. Мислам дека ти мислеше на вторава варијанта кога рече дека немора да биде ученички. Друга и не постои.
- Ако сметаш дека е потребно, согласен сум да отвориме дебата. На крајот на краиштата тука сум да помогнам, а не да одмогнам :-) Поздрав . --Б. Јанкулоскиразговор 10:30, 22 Мај 2006 (UTC)
- Напишав нешто за ова на соодветната страница за разговор, каде што би требало да се префрли оваа дебата (за да можат и другите корисници евентуално да се вклучат во неа). --FlavrSavr 12:59, 22 Мај 2006 (UTC)
- Договорот беше двајцата да ги следиме двата можни формата:
или
- Х оди во Петроград...
или
- Х отишол/бил во Петроград...
Како што реков, „беше“ и нему сличните се неприфатливи вон белетристиката. Не ни пробувај да се жалиш зошто никој не мисли како тебе (проверено). Тоа ти е залудно, со гаранција. За уредувања кои не се вандализам (туку напротив, корекција на грешки во изразувањето) никој нема ни да помисли да го оспори моето право како администратор (види правилник). Ова не е губење време на „ситници“. Прво мора да се воспостави начинот на пишување, па потоа да се пишува. --Б. Јанкулоскиразговор 10:58, 26 Мај 2006 (UTC)
- Било кој од двата, но никако „беше“ и сл (значи не некој трет). Се надевам дека наполно ја воочуваш разликата помеѓу 1, 2 и друото. Не гледам како ти солам памет. Јас само ти давам совети. Можеби те вознемирува тоа што се напишани во дефанзивен формат - тоа би било резултат на твојот стил на разговор, а не обратно. Но не гледам никаква „офанзива“ во нив. --Б. Јанкулоскиразговор 11:20, 26 Мај 2006 (UTC)
- Ти воопшто не спомна предходно дека сакаш или секој да прави по свое или да браниме користење на времиња. Ако мислиш нешто, изјасни се. Ова што сега го кажуваш (што е ново за мене) не е компромис. Времињата кои јас ги користам се добро воспоставени и можеш да видиш дека сите корисници ги користат тие времиња. Кориснику Zdravko, би сакал да те потсетам дека личните навреди резултираат со блок (види: Википедија:Портал/Википолитика). И за крај, да те потсетам...тоа што ти го форсираш не само што никаде го нема, туку и ниеден корисник не се согласува со тебе. А ако граматиката ја сметаш за догма, тогаш дефинитивно си на погрешно место. --Б. Јанкулоскиразговор 21:31, 28 Мај 2006 (UTC)
Можеш ли да го видиш: Википедија:Портал/Правопис и граматика? Се отвори поширока дискусија во врска со употребата на времињата во статиите, која создаде доста негативна енергија во Википедијава, и би сакал да ја решиме со некакво заедничко решение. --FlavrSavr 23:08, 11 Јуни 2006 (UTC)
- Погледај го последниот постинг на дното од Википедија:Портал/Правопис и граматика. Мислам дека би било фер да бидеш информиран. Фала. --Б. Јанкулоскиразговор 08:53, 12 Јуни 2006 (UTC)
Одговор
[уреди извор]Интересно е тоа што сметаш дека некои статии ми се неважни :-) Ќе го земам тоа в предвид. Само незнам по кој критериум ги сметаш за такви - дали дека лично тебе не те интересираат или дека навистина сметаш дека никој никогаш нема да се заинтересира да ги прочита? Во секој случај тие се многу ретки и главно сум ги пишувал од чиста забава. Примери: Чепкање нос, Митар Мириќ, Шабан Шаулиќ, Синан Сакиќ и Стоја. На други неможам да се сетам, може да ги има. Најверојатно мислиш на нив.
Не гледам ништо догматично во правилно користење на македонскиот јазик во една енциклопедија. Мојата изричитост е релативна. Како? Епа ете, како што корисникот Amacos забележа пред некој ден, нашата администрација е премногу мека. Можеш и сам да приметиш дека грците и бугарите прават 'ршум, а администраториве дубат на трепки случајно да не ги навределе. Тоа го нема никаде. По меѓународни стандарди јас сум сосема прописен администратор, верувај ми, сум читал разни Википедии и не нагаѓам.
Далеку од тоа дека сакам да те избркам. Не само што си квалитетен како уредник, туку и обработуваш теми кои никој друг не ги обработува. Значи ти би претставувал загуба за Википедија. Но кога ќе се пропише правилото користење на времиња, жалам, но ќе мораш да се придржуваш. Доколку тоа за тебе е толку неподносливо, за да мораш да нè напуштиш, немам што друго да ти кажам. Твој избор. Лично сметам дека тоа е многу драстичен чекор, но ако ти се чувствуваш поразен (што не било ничија намера) и сметаш дека веќе неможеш да фигурираш на нашите страници, не би било фер да те тераме на спротивното. Те уверувам дека како администратор никогаш не сум делувал со намера да повредам нечија суета, па макар и во големи несогласности.
Во случај да решиш да ги користиш пропишаните времиња, имам планови за соработка. На пр. можеме да направиме портал на тема на твојата специјалност кој јас се нафаќам да го администрирам, а ти да го уредуваш со дотогаш напишаните статии и други содржини. Истиот, доколку си заинтересиран, подоцна би можел да го промовираш во твоите кругови (Marxist.org) и сл. Исто така можеме да изработуваме шаблони на дадените теми и други работи. Но сето тоа под гореспоменатиот услов. Ако сметаш дека сепак треба да си одиш, сигурно нема да те држам. --Б. Јанкулоскиразговор 11:52, 12 Јуни 2006 (UTC)
- Па да. Но се разбира, како ќе изгласаат корисниците, така ќе мора да биде. Ти слободно изложувај ги сите комплексности на темата, и зошто сметаш дека нешто треба да биде поинаку во друг случај, а нивно ќе биде да просудат. Но штом се изгласа, темата веќе е запечатена и секој ќе мора да се придржува. Било што друго би значело нарушување на демократскиот карактер на енциклопедијава. А нели, сите ние сме следбеници на латинскиот републикански императив: Vox pupuli - vox dei. --Б. Јанкулоскиразговор 12:40, 12 Јуни 2006 (UTC)
За цитатот
[уреди извор]Во цитатот: „Големите ни изгледаат големи, бидејќи ние сме на колења. Да станеме!“ има две букви на кои им треба исправка - њ --> н во „колења“ и ни --> нѝ. --Б. Јанкулоскиразговор 13:14, 13 Јуни 2006 (UTC)
- „нè“ (директен предмет) се пиши со надреден знак оти „не“ значи нешто друго (негација), ама „нѝ“ не постој во македонскио јазик оти не постој друг збор „ни“ освен тој шо означва индиректен предмет па така индиректен предмет прво лице множина (ни) се пиши без надреден знак. а за колења - колења си е уствари колена, за то се сложвам.
Guitardemon666муабет 12:38, 17 септември 2006 (UTC)
request
[уреди извор]Hello. I have got one request for you. I need sentence "sugar in 350 languages" in Macedonian (I want to do a logo of my site). So, can you write me what`s called sentence "sugar in 350 languages" in Macedonian? Thank you very much! Szoltys
Прашање
[уреди извор]Сакав да прашам зошто во историја на статијата за Силвија Плат го нема и моето име. Ќе можеш ли да ми кажеш затоа што видов дека секој кој направил некаква промена бил забележан, а мене ме нема, дури и во моите придонеси исто така нема податоци за статијата за Силвија Плат, дали има врска тоа дали си најавен или не? Ако не си најавен ги нема твоите податоци? Фала многу --Корисник:Inajor 21.09.2006
Избрзаност
[уреди извор]Бидејќи секој може слободно да ги преместува насловите, јас не гледам дека сум поголем авторитет врз нив отколку било кој друг. Покрај тоа, сега и двете варијанти водат кон истата статија, така што никој не е загрозен. Доколку некој смета дека сепак цртичките треба да стојат, слободно нека ги врати, но со аргумент. Аргументот за оваа промена веќе го дадовме јас и ти. Впрочем не се ни отвори некоја силна дискусија на ова тема, за да треба да се гласа или нешто слично. Кога ќе (и ако) се отвори, дури тогаш можеме да заклучиме дали овој потег е избрзан или не. Дотогаш останува правилен. --Б. Јанкулоскиразговор 11:37, 19 декември 2006 (UTC)
- Таман работа. Кога сум рекол дека може да се менува, нема што да правам проблеми. Само треба да се каже зошто тоа се прави. --Б. Јанкулоскиразговор 21:01, 19 декември 2006 (UTC)
внимание
[уреди извор]прво и прво статиите не се ТВОИ... јасно ти е тебе шо значи ВИКИ? не можи да е твоја статијата, сѐ шо пишиш е достапно и слободно за уредување од сите... значи статијата не е ТВОЈА! ете да ти е јасно то, а за тагот внимание, таму е пошто статијата НЕ ЛИЧИ на вики статија... сфаќаш? неможи ти само текст да чукаш ни суреден ни ништо... треба естетика, треба изглед да има, т.е. добра организираност... Е ТИЕ СТАТИИ НЕМАЈА... и шо одиш одма на кавга? ако не си прочитал шо е википедија, не ти сум јас крив
- епа ко не знај прочитај, не ми бичовај овде, не ти сум јас крив ако имаш ти комплекси и лично примаш едно {{внимание}} ај не мислам да се карам, шотуку само се карате сите... напрај ја ко шо мислиш та статијата, синќир мене до една статија дојдено ми е... шо сакаш прај, ај не ги гибам појќе твојте статииии, да не се навредиш аман,
- епа вака:
- не гледам како сум контрапродуктивен
- не гледам како едно {{внимание}} можи да напрај нешто да биди контрапродуктивно, баш можи само да стимулира на појќе труд во врска со нешто...
- се прат грешки, јас то внимание го клавам онака на прв поглед по колку е средена страницата... и 99% од времето сум и во право (во статиите нема ни интервики, ни врски, ни редослед... ништо) а да ти кажам и дека 99% од корисниците не си ни клават самите таг внимание... ако видам дека нечини нешто шо сум го напишал ќе клам таг внимание... ама его имат сите овде мислат пишат за оценка...
нема шо да се прај појќе муабет мислам
- ај пак да ти нацртам: ПРОЧИТАЈ ШО Е ВИКИПЕДИЈА, и ќе сфатиш дека не ми е ДОЛЖНОСТ да те научам, ни задача ни ништо... администратор, е само корисник со пристап кон некои функции кои обичниот корисник ги нема, за да може да извршува некои технички работи... бришење, уредвање заштитени страници... администратор не е титула... а ако мислиш дека си глуп, епа неможам јас да ти поможам... не сум јас исфилман, ти си фрустриран
- сеедно... извини, неизвини, ми помина ќефо за википедија од ваквите ко тебе. шосакаш прај i quit anyways...
guitardemon666 муабет guitardemon666
Предог за измена на Главната страница
[уреди извор]Те повикувам да го дадеш твоето мислење во поглед на предлогот за измена на Главната страница--brest 09:42, 16 јуни 2007 (UTC)
Спартакистички сојуз
[уреди извор]Здраво Здравко! :P Сакам да ти се заблагодарам што си ги поправил глупостите што сум ги напишал по 28 часа неспиење и да поразговараме околу некои други работи за таа статија (Комунистичка партија на Германија). Конкретно за „Спартакистичкиот сојуз“, видов дека си го заменил со „Спартаков сојуз“, но прилично сум сигурен дека името му било Спартакистички, па би те замолил малку да копнеш во тоа, затоа што ме интересира многу (иако не е некоја голема работа). Исто така сакав и да ти кажам дека „Партијата за социјалистичко единство на Германија“ (и таа во Западен Берлин) се викала токму така, провери ако сакаш :P Поздрав Здравко, биди ми здрав --Поречанец 14:35, 13 јули 2007 (UTC)
Биографии
[уреди извор]Бидејќи имаш подобро познавање на биографиите и дејноста на Димитар Влахов, Главинов и сл, би те замолил да внимаваш подобро да не се протне нешто што не треба. Јас само помагам технички да се обликуваат, бидејќи по се изгледа корисникот кој ги врши промените не знае или не може да научи подобро да ги средува. Јас мислам дека внесува некои корисни информации и затоа не реагирам. Доколку забележиш акти на вандализам или пристрасност веднаш реагирај.--brest 13:47, 23 јули 2007 (UTC)
Извинување или ...
[уреди извор]Добро, се извинувам ако некаде згрешив и Ве уверувам дека страницата посебно за Димитар Влахов ќе биде доправена од моја страна и со сестореното дека не сакав да сторам ништо друго освен да помогнам на wikipedia а за во иднина- времето ќе покаже. Друго кое сакам однапред да Ве прашам е во врска со статијата на Борис Сарафов во која би сакал да додадам некои податоци кои не се баш ’светли“ за македонштината.
Сторено
[уреди извор]Статиите Inuyasha и Од Галичник до Река се избришани. --Б. Јанкулоскиразговор 23:17, 28 јули 2007 (UTC)
Џорџ Орвел
[уреди извор]Да. Речникот вели дека растението е Аспидистра, а pier вели пристаниште, но јас велам подобро е да е док. --Б. Јанкулоскиразговор 22:10, 13 август 2007 (UTC)
Герџиков
[уреди извор]Бидејќи сметам дека не бил македеонец сметам дека треба да се премести во друга категорија
--Астрион 11:39, 16 август 2007 (UTC)Астрион
Шекеринска или Шеќеринска
[уреди извор]Dear Zdravko,
I only have a small knowledge of the Macedonian language. Could you please tell me, what this [1] means? Is the correct name with к or ќ? I would like to write an article about her for the German wikipedia. Many thanks!
134.2.3.101 16:46, 27 декември 2007 (UTC) (de:Benutzer:Aspiriniks)
Како си со англискиот...
[уреди извор]Здравко, ајде Те молам ако си добар со англискиот, да ми кажеш што би означувало Temple Mount. Момоенално пишувам статии само за Ерусалим, оваа статија “Temple Mount“ е поврзана со ерусалимските храмови и денешниот ѕид на плачот. Ај да не зборам многу, ако знаеш пиши ми. Поздрав--Астрион 18:40, 11 јануари 2008 (UTC)
- Добро, фала ти многу, поздрав--Астрион 12:56, 12 јануари 2008 (UTC)
Коста Абрашевич
[уреди извор]Здравей, виждам, че зачистваш инфото за Коста Абрашевич, че е србоман. Има ли някакъв проблем? --Li4kata 14:08, 4 февруари 2008 (UTC)
- Види Здраве, ке се пробвам да ти го обясням случайот со Абрашевич. Знаеш ли кой е Јован Бабунски? Види, прочети па продолжи да четеш после шо сам ти напишал. Како Бабунски работи срещу македонското население и в полза на србите и србизма така и Абрашевич, така и Ангелко Крстиќ и др. Ако и тримата са со македонски корен и тримата работят за србизма и ако Бабунски убива со пушка и тероризира македонското население. То Абрашевич и Кръстич убиват македонската култура, работят срещу традициите и културата на македонското население, за да угодат на сръбската политика или по тоа що сами те са убедени, че Македония требва да биде част от србската земя. Разбираш ли шо е значението да се пише во статията, че еди кой си писател е србоман? Яз теб те молам само да ми я разясниш разликата между пролетарски и социалистички поет. Фала! --Li4kata 16:15, 4 февруари 2008 (UTC)
Признание за вашиот придонес
[уреди извор]--brest 12:27, 5 февруари 2008 (UTC)
Прво да ти честитам, Здравко, за теглата ајвар - потполно заслужено. И второ - да те замолам да видиш разговор на статијата Џерџ Лукач - мислам дека треба да се премести. Поздрав, --Виктор Јованоски 17:59, 5 февруари 2008 (UTC)
Иницијатива
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--MacedonianBoy (разговор) 19:25, 16 септември 2008 (UTC)
здраво
[уреди извор]здраво, zdravko. ако сакаш гласај тука на Англиска верзија википедија.
Иницијатива 22.222
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:07, 10 ноември 2008 (UTC)
За Бакунин
[уреди извор]Имам една забелешка. Треба да се провери веродостојност на еден податок на страната за Бакунин. Имено, тој не е автор на делото револуционерен катехизам, затоа сменете го тој податок. Автор е Сергеј Нечаев. BlueEagle1 (разговор) 11:29, 29 ноември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 02:06, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 02:06, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 16:25, 27 јануари 2009 (UTC)
Викимедија Македонија
[уреди извор]Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:51, 20 август 2009 (UTC)
Лидери по година
[уреди извор]Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:25, 12 октомври 2010 (CEST)
Награда за вложениот труд
[уреди извор]Продолжете и понатаму.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 16 ноември 2010 (CET)
10 години Википедија
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:31, 13 јануари 2011 (CET)
Покана за Вики средба
[уреди извор] Здраво, Zdravko! Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница. Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 03:35, 4 јуни 2011 (CEST)
Драган Богдановски
[уреди извор]Здраво. Кога ја забележав статијата навистина се воодушевив. Одлична е и мислам дека навистина опфаќа доста корисни работи. Секоја чест! Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:30, 12 август 2011 (CEST)
Јубилејна статија
[уреди извор]Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 2 октомври 2011 (CEST)
Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година
[уреди извор]Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 15:09, 19 октомври 2011 (CEST)
Наградени сте!
[уреди извор]Општа награда | |
Знак на почит кон придонесот за општо подобрување на содржините и збогатувањето на слободното знаење. Kiril Simeonovski (разговор) 23:09, 1 ноември 2011 (CET) |
Димитър Влахов
[уреди извор]Мархаба, аркадаш! Гледам дека се интересирааш од Влахов, исто како мене. Какво ще кажеш да поправим заедно статията тука за него. Гледам многу работи се скриени сеуште за таа контроверзна личност каj вазе. Създава му се ореол на голем мъченик, какъвто всъщност не е. Со поздрав! Jingiby (разговор) 13:24, 25 декември 2011 (CET)
Покана за Вики средба
[уреди извор]На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:03, 1 март 2012 (CET)
Јубилејна статија (55.000)
[уреди извор]Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:25, 20 март 2012 (CET)
56.000 статии
[уреди извор]Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:10, 5 јуни 2012 (CEST)
Доминикана
[уреди извор]Види ја страната за разговор. Позз--Никола Стоіаноски 12:07, 6 јули 2012 (CEST)
Солидарност кон Википедија на руски јазик
[уреди извор]Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:04, 10 јули 2012 (CEST)
Јубилејна статија
[уреди извор]Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 20 јули 2012 (CEST)
Изнесување на навреди против Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија
[уреди извор]Здраво “Здравко“
Статијата на Македонската верзија на Википедија која информира за Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија содржи многу невистини и клевети против КСС поради што истите треба да бидат отстранети како што е наведено со измените од KSS International
Поздрав Горан Весков КСС ````
KSS International (разговор) 10:57, 28 април 2013 (CEST)
Уредувачки маратон
[уреди извор]Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:48, 30 ноември 2014 (CET)
Global account
[уреди извор]Hi Zdravko! As a Steward I'm involved in the upcoming unification of all accounts organized by the Wikimedia Foundation (see m:Single User Login finalisation announcement). By looking at your account, I realized that you don't have a global account yet. In order to secure your name, I recommend you to create such account on your own by submitting your password on Special:MergeAccount and unifying your local accounts. If you have any problems with doing that or further questions, please don't hesitate to contact me on my talk page. Cheers, DerHexer (разговор) 23:20, 16 јануари 2015 (CET)
Слобода или смрт
[уреди извор]Има два весника Слобода или смрт еден од 1903 година, а другиот од Слобода или смрт (1924 - 1934), подобро да има 1903 година, за полесно пронаоѓање --Еден Македонец (разговор) 02:50, 16 мај 2015 (CEST)
Вратин
[уреди извор]Здраво пријател! Можеби може да се направи нешто во врска со влезот Вратин? Се додава нешто или не, но тие изгледаат.--91.140.121.89 (разговор) 11:54, 24 септември 2016 (CEST)
Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“
[уреди извор]Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)
- Во врска со статијата Македонија. Етнографија и статистика, мислам дека не спаѓа во опсегот на натпреварот. Го прочитав образложението во евиденцијата, но ако го прифатиме, тогаш и за останатите натпреварувачи би требало да дозволиме статии за личности и настани од тој крај, книги кои се користат како извори за тие статии, итн. што би го изместило фокусот од темата. Јас не би дал поени за книгата, но можеби Кирил и Тони имаат поинакво мислење.--Retrohead (разговор) 19:11, 19 март 2017 (CET)
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“
[уреди извор]Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91
Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)
Уредувачки натпревар за вулкани
[уреди извор]Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)
1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
[уреди извор]Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)
Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018
[уреди извор]Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
[уреди извор]Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Да ги средиме статиите за државите во светот
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Ракомет
[уреди извор]Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
[уреди извор]Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)