Википедија:Уредувачки натпревар/СИЕ Пролет 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
CEE Spring Logo vertical-t.svg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

 

од 21 март до 31 мај 2017 година

 

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ).

Натпреварот почнува на 21 март 2017 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 мај 2017 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од областа Средна и Источна Европа. Секоја од создадените или проширените статии ве молиме обележувајте ги со шаблонот СИЕ Пролет 2017 ({{СИЕ Пролет 2017}}) на страниците од разговор. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). На натпреварот не влегуваат статии напишани за Македонија од страна на македонските уредници, односно пријавените уредници треба да пишуваат за статии од предложените списоци по земја (зададени подолу). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаа можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Retrohead (разговор) 20:50, 17 март 2017 (CET)
  2. --TheGreatMKD (разговор) 12:00, 28 март 2017 (CET)
  3. --P.Nedelkovski (разговор) 18:00, 9 април 2017 (CET)

Предлози за статии[уреди извор]



Материјали[уреди извор]

Корисниците може да користат свои материјали поврзани со земјите од областа на Средна и Источна Европа, другите јазични изданија и особено Википедијата од која и потекнува самиот предмет/објект за кој се пишува статијата.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski
  2. Ehrlich91
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока, фотографска опрема или книги/материјали по избор на добитникот.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе добие и најдобриот нов корисник, кој имал помалку од 50 уредувања пред отпочнувањето на натпреварот, а во текот на натпреварот освои најмногу бодови за своите статии од страна на жири-комисијата.

Ќе се доделат и награди награди за „најмногу новосоздадени статии“ и „статии за најмногу учесници во СИЕ (земји, области и јазични заедници)“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата). Во случај повеќе корисници да се најдат на делба на првото место по бројот на создадени статии во првата категорија, тогаш како критериум за рангирање ќе се сметаат оценките од страна на жири-комисијата; во случај повеќе корисници да се најдат на делба на првото место по бројот на учесници за кои имаат создадено статии, тогаш како прв критериум за рангирање ќе се смета вкупниот број на создадени статии за учесниците, а како втор критериум ќе се сметаат оценките од страна на жири-комисијата.

Корисниците имаат право на само две награди од сите категории.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 4.500 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 4.500 денари.

Награда за најдобар нов корисник[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најмногу нови статии[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 1.500 денари.

Награда за статии за најмногу учесници[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 1.500 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 P.Nedelkovski 285
2 Retrohead 212
3 TheGreatMKD 44
Награда за најдобра статија