Википедија:Уредувачки натпревар/Држави во светот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Map of the world with countries and dependencies.svg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар на тема
„Држави во светот“

 

од 1 до 31 јули 2019 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Држави во светот“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Временски периоди“.

Натпреварот почнува на 1 јули 2019 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 јули 2019 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат постојни статии за државите во светот (пр. Германија, Мексико, Иран, итн.). Прифатливи се и статии за непризнаени држави (пр. Косово, Сомалиленд, Апхазија, итн.) или пак зависни територии (пр. Аруба, Гренланд, Нова Каледонија, итн.). Доколку одредена статија од овие категории не постои, тогаш е дозволено да се напише нова статија и истата ќе биде признаена.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаа можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

евиденција
  1. Тиверополник
  2. Damjan Kirovski
  3. Идеологист
  4. Chnitke
  5. B.cvetkova02
  6. П.Неделковски

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Македонец (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе подобри „статии за држави на најмногу континенти со најмалку 3 статии по континент“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 4,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 4.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 4.000 денари.