Чепкање нос
Чепкање нос | |
---|---|
![]() Чепкање нос со показалец | |
Класификација и надворешни извори | |
Специјалност | психијатрија |
МКБ-10 | F98.8 |
Чепкање нос — чин на вадење на мукус[1] или страни тела од носот со помош на прст. Опсесивното чепкање нос е наречено ринотилексоманија.
Оваа честа навика е сепак табу во највеќето земји, а помалку во источноазиските култури.
Мукофагија значи консумирање на вака извадениот мукос. Додека во некои култури ова е често, истото генерално се смета за културно табу, дотаму што дури и оние кои тоа го прават се гадат кога гледаат некој друг како го прави истото.
Чепкањето нос потенцијално носи извесни здравствени ризици, како носни инфекции и носно крварење. Највеќето доктори препорачуваат марамче.
Меѓутоа, барем еден добро познат доктор смета дека чепкањето нос и мукофагијата се корисни.[2] Тој вели дека не само што прстот досегнува до таму каде марамчето не може, така држејки го носот почист, туку и јадењето на мукосот богат со бактерии го подига имунолошкиот систем, и е аналогно на имунизација.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Мукусот е популарно наречен „мрсул“, но овој збор се смета за непристоен.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот 2005-02-06. Посетено на 2005-02-06.