Википедија:Уредувачки натпревари/1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
„1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“ од 5 февруари до 4 март 2018 година Уредувачки натпревар на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Натпреварот почнува на 5 февруари 2018 г. во 00:00 ч. и завршува на 4 март 2018 г. во 23:59 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии наведени на официјалниот список на Мета, за кои целокупната заедница на Википедија гласала и одредила дека тие се 1000. статии кои секое јазично издание на Википедија треба да ги има. Википедија на македонски јазик се наоѓа на 37. место пред почетокот на натпреварот, со 93 статии кои ги немаме воопшто, 462 со големина помала од 10.000 бајти, 263 статии со големина помеѓу 10 и 30.000 бајти и 182 статии со големина над 30.000 бајти. Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од двајца или тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот. Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10. Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена статија надвор од предложениот список на Мета). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно. Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. Список на натпреварувачи[уреди извор]Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси. Членови на жирито[уреди извор]
Материјали[уреди извор]Како материјали се користат другите јазични изданија наведени на официјалниот список на Мета, како и сета друга литература издадена на македонски јазик со соодветно наведување. Награди[уреди извор]Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата. Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата. Ќе бидат доделени и следниве награди:
Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории. За може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има напишано/подобрено најмалку 7 статии. I награда[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 10.000 денари. II награда[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 5.000 денари. III награда[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 3.000 денари. Награда за најдобра статија[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 4.000 денари. Најдобар постоечки корисник[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари. Најдобар нов корисник[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 1.000 денари за најдобар нов корисник. Најмногу нови статии[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу напишани нови статии, кои претходно не постоеле на македонската Википедија (вкупно 93 од официјалниот список). Најмногу подобрени статии[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу подобрени мали статии со големина помала од 10.000 бајти (вкупно 462 од официјалниот список). Резултати[уреди извор]Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.
|