Разговор за Википедија:Уредувачки натпревари/1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Здраво на сите. Само што го проверив списокот на 93 статии кои воопшто ги нема на македонската Википедија и забележав дека тој не е точен. Таму е наведено дека немаме статии за Гулаб, Тутун, Овошје, Јаболко, Свиња, итн., но тоа не е точно, т.е. постојат такви статии. Навистина, тие се мали или како никулец, но сепак, постојат како статии. ГП (разговор) 15:28, 1 февруари 2018 (CET)[одговори]

@ГП: Здраво Горан, не ги проверив сите статии, но јас гледајќи го списокот кој води до статиите на Википодатоци, наведените 93 статии навистина ги немаме. Веројатно треба поединечно да се разгледаат овие случаи, но на пр. „јаболко“, точно е дека ние ја имаме статијата, но како што увидов не како плод туку како јаболкница. Претпоставувам дека за другите слични случаи или се работи за неповрзани статии, или пак за слични вакви технички проблеми, но еве шанси ова да се реши. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 17:57, 1 февруари 2018 (CET)[одговори]
Вчера ги разгледав барајќи идеа за 100wikidays, тутун имаме како растение, но другата статија треба да е тутун како прозивод, сирење е пренасочено кон бело сирење, што е сосема друга статија и зборува само за белото сирење. Ибн Батута го имаме, само не била споена статијата, и слично. Излегува дека некои пренасочувања треба да се избришат и да се создадат посебни статии. Поздрав - Виолетова (разговор) 18:15, 1 февруари 2018 (CET)[одговори]
Одлично Жане, се надевам ќе се изнајдат и другите, а останатите ќе се создадат во текот и на самиот натпревар, со што конечно ќе го заокружиме овој список :) --Ehrlich91 (разговор) 19:27, 1 февруари 2018 (CET)[одговори]

Здраво и од мене. Не знам многу за уредување, но мислам дека би имала време да уредам некоја статија. Ме интересира како пристапувате кон овие статии. Пример, статијата за слободна волја на англиски е многу подолга од онаа на босански. Дали избирате она што сметате дека е најважно и го преведувате или дополнувате, или пак има правила за колку долга треба да биде. Исто, на пример оние статии кои треба да се прошират, како знаете колку и со што треба да ги проширите? Фала, Весна Vilievs9 (разговор) 01:07, 3 февруари 2018 (CET)[одговори]

@Vilievsk9: Здраво Весна, нема никакви правила за тоа колку треба да биде долга, буквално тоа зависи од времето и волјата на корисникот, кој уредува статија, притоа да истакнам дека не секоја статија на секое јазично издание треба да биде подеднакво долга и иста, туку напротив може да се користат други книги, извори и слично. Истото важи и за проширувањето на статиите, нема правила на Википедија на тоа. Слободно пробајте да уредите макар една статија :) --Ehrlich91 (разговор) 14:23, 3 февруари 2018 (CET)[одговори]