Горно Поле (Стар Караорман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Поле

Карта

Местоположба 41°46′04″N 22°13′11″E / 41.76778° СГШ; 22.21972° ИГД / 41.76778; 22.21972Координати: 41°46′04″N 22°13′11″E / 41.76778° СГШ; 22.21972° ИГД / 41.76778; 22.21972
Основни податоци
Место Стар Караорман
Општина Штип
Тип

 населба  некропола


Период железно време
раноантичко време
Портал „Археологија“

Горно Поле - Балабаницаархеолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Претставува населба и некропола од железното и раноантичкото време.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на 1 км јужно од селото, од левата страна на патот за Штип. Претставува издолжено големо плато, со површина од десетина хектари, кое на северозападната и југозападната страна има стрмни падини кон коритото на Брегалница и нејзините суводолици, додека на североисточната страна благо се спушта кон Благова Река.[1]

Ископувања и наоди[уреди | уреди извор]

Во 1958 година со длабоко рилање и подготвување на теренот за лозова плантажа бил уништен голем број мали тумули (околу 500), со конструкции од камен, во кои имало погребувања на кремирани и закопани покојници. Музејот од Штип извршил пробно истражување при што биле утврдени приближниот број и организацијата на тумулите, начинот на погребувањето и нивната временска припадност. Во 1959 година е извршено повторно ископување, и тоа во средишниот дел на висорамнинката, каде Иван Микулчиќ открил погребувања од V век п.н.е. Остатоци од тумули, како и гробни прилози се среќаваат и денес по целата површина на теренот.[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип. Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 441. ISBN 9989-649-28-6.