Кала (Пухче)
Кала — археолошко наоѓалиште во местото Пухче општина Штип.
Претставува утврдување од доцната антика.
На околу 600 м западно од селото, над наоѓалиштето Градиште се издига ридот Кала кој на врвот има тркалезно плато со пречник од 150 м, на едната страна заштитено со висовите на Серта, а на другата отворено кон долината на Лакавица. Со исклучок на јужната страна, сите други се стрмни и тешко пристапни. По работ на платото се следат остатоци од темели на широк бедем, лошо зачувани. Во габаритот на градиштето има расфрлен градежен материјал (тули, тегули и камен), а се насетуваат и темели од поголем број објекти.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бавчи — населба од доцна антика;
- Градиште — населба од доцна антика;
- Кала — утврдување од доцна антика;
- Пухче (археолошко наоѓалиште) — некропола од доцна антика;
- Рамниште — населба од доцна антика;
- Штип;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 440, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |