Градиште (Пухче)
Градиште — археолошко наоѓалиште во местото Пухче општина Штип.
Наоѓалиштето претставува населба од доцната антика.
Лежи на 500 м западно од селото, во подножјето на ридот Кала. На површина од 2,5 до 3 хектара, денес ледина, се забележуваат фрагменти од градежни тули, ќерамиди и камен. Во северниот крај на теренот, Трајче Илиевски, вадејќи камен за изградба на црква, наишол на темели од ѕидови широки 0,50-0,70 м од објект со основа од 10 × 8 м.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бавчи — населба од доцна антика;
- Градиште — населба од доцна антика;
- Кала — утврдување од доцна антика;
- Пухче (археолошко наоѓалиште) — некропола од доцна антика;
- Рамниште — населба од доцна антика;
- Штип;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |