Солена Вода (Стар Караорман)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Местоположба 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167° СГШ; 22.20333° ИГД / 41.78167; 22.20333Координати: 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167° СГШ; 22.20333° ИГД / 41.78167; 22.20333
Основни податоци
Место Стар Караорман
Општина Штип
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Солена Водаархеолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. Се наоѓа на североисточниот крај на селото, на излезот кон наоѓалиштето Орлови Чуки. Теренот е блага падина што се спушта кон коритото на Благова Река. Уште во 1958 година по ерозивните води биле откриени гробови со камени конструкции кои подоцна селаните ги прекопале. Исти гробови со скелетно погребување уништил и еден жител копајќи темели за куќа. Од гробните прилози, најдени во поголем број, се зачувани три прстена со вметнато стакло на главата и две стаклени белезици, од X до XII век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 442. ISBN 9989649286.