Судичка Река (Врсаково)
Судичка Река — археолошко наоѓалиште во штипското село Врсаково. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, десно од патот за селото Судиќ има рамнина која на источниот крај постепено паѓа кон Судичка Река. Во нивите на В. Николов, Љ. Стојанов и П. Јакимов, со површина од околу 4 хектара, има градежен камен, тегули и имбрекси, а биле раскопувани и темели од ѕидови. Исто така е присутен и голем број фрагменти од керамички садови, како и од пирамидални тегови од печена земја. Исти остатоци се забележуваат и на падините од левата страна на реката.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 430. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |