Ограѓе (Горачино)
Изглед
„Ограѓе“
| |
Местоположба | 41°38′27″N 22°16′41″E / 41.64083°N 22.27806°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горачино |
Општина | Штип |
Тип | |
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Ограѓе — археолошко наоѓалиште во штипското село Горачино. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. Од левата страна на патот, пред самиот влез во селото, во нивите на четворица жители, со земјоделските работи биле откриени остатоци од темели на објекти. По целата површина, која зафаќа простор од 1 хектар, има фрагменти од тегули и кршен камен. Во северниот крај на теренот се гледаат темели од мала црквичка и околу неа гробови со конструкции од камени плочи. Покрај нив се наоѓаат и денешните гробишта.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Горачино — депо на монети од римското време;
- Горачино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Горачино
- Археолошки наоѓалишта во Општина Штип
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Штипско