Црква Св. Пантелеј (Брест)
Оваа статија е за археолошкото наоѓалиште. За современата црква, видете Црква „Св. Пантелеј“ - Брест
Црква Св. Пантелеј — археолошко наоѓалиште во штипското село Брест. Наоѓалиштето претставува средновековна црква. На 1,5 км јужно од патот Штип-Радовиш, покрај патот за селото се наоѓа црква подигната во 1923 година врз постари темели. Според исказите на учесниците во градежните работи, биле најдени метални крстови и парчиња од камења пластика кои не се зачувани. На 30 м источно од неа се распознаваат темели од друга помала градба, наречена Крст, која се почитува како свето место. Наоѓалиштето и црквата ги споменува историчарот Томо Томоски поврзувајќи ги со средновековниот град Добрун на наоѓалиштето Плоча.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Крундилов Дол — населба од доцноантичкото време;
- Плоча — средновековно градиште;
- Шумнати Рид — викус од доцноантичкото време;
- Брест;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 429. ISBN 9989649286.