Вучеви Ливади (Сарчиево)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вучеви Ливади
археолошко наоѓалиште


Местоположба 41°43′42″N 22°04′03″E / 41.72833° СГШ; 22.06750° ИГД / 41.72833; 22.06750Координати: 41°43′42″N 22°04′03″E / 41.72833° СГШ; 22.06750° ИГД / 41.72833; 22.06750
Основни податоци
Место Сарчиево
Општина Штип
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Вучеви Ливадиархеолошко наоѓалиште во штипското село Сарчиево. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 2 км југозападно од селото и 1 км десно од патот Штип-Велес, на блага падина во подножјето на Ежов Рид. На површина од 100 × 50 м, со длабокото орање за лозов насад од страна на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Три Чешми, во 1978 година се уништени темели од повеќе објекти. Покрај многубројниот градежен камен, варов и хидростатичен малтер, тегули и имбрекси, на површината биле исфрлени и големи делкани блокови од камен, делови од стебла на столбови и бази од сивкав и црвеникав камен. Голем е бројот на фрагменти од керамички и стаклени садови, а најдена е и монета од Валентиниј. Пред десетина години теренот бил сопственост на Ангел Панов кој доста често наоѓал монети, главно од Константин I. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 440. ISBN 9989649286.