Чука (Долани)
Чука — археолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Наоѓалиштето претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на зарамнета тераса на левиот брег на реката Лакавица, оддалечена 1 км десно од патот Штип-Радовиш, со површина од околу 2 хектара. Според кажувањата на еден жител, при орањето на нивите биле откривани темели од ѕидови, а друг жител откопал гроб со конструкција од камени плочи, без прилози. Денес на површината се забележуваат делови од керамички садови тегули и градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дива Топола — населба од доцноантичкото време;
- Ерџелија — населба од доцноантичкото време;
- Јаребичова Вода — водовод од доцноантичкото време;
- Кале - Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Кутлевец — населба од римското време;
- Рамниште — населба од римското време;
- Ќерамидница — населба од доцноантичкото време;
- Долани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 433. ISBN 9989649286.