Орлови Чуки (Стар Караорман)

Координати: 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167° СГШ; 22.20333° ИГД / 41.78167; 22.20333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орлови Чуки


Местоположба 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167° СГШ; 22.20333° ИГД / 41.78167; 22.20333
Основни податоци
Место Стар Караорман
Општина Штип
Тип



Период железно време
Портал „Археологија“

Орлови Чуки археолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Претставува тумули од железно време[1],[2]. Северно, веднаш до селото, постепено се издига гребен кој претставува дел од последните падини на Плачковица. Со својата положба и височина доминира над околниот терен и има отворен поглед на запад, кон наоѓалиштето Горно полеБалабаница, на југ кон коритото на Брегалница, а на исток кон полето на селото Таринци. До 1960 година и подоцна, по самиот раб на гребенот можеле да се видат 10 тумули, наредени во низа исток-запад, на растојание од 20 -40 м еден од друг, со пречник во основата од 9 до 18 м и височина меѓу 0,60 и 1,70 м. Денес тумулите речиси не постојат бидејќи 6 се целосно истражени, а другите се оштетени со земјоделските работи. Ископувањата покажале дека тумулите имаат родовски карактер и во нив биле погребани повеќе покојници, во гробови направени од камени плочи или од кршен камен, радијално распоредени околу централниот гроб. Сите се со гробни прилози од керамички садови, оружје од железо и накит од бронза и килибар. Наодите се чуваат во Завод и музеј (Штип), а еден дел во Музеј на Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. Штип