Чепрево (Шашаварлија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чепрево
археолошко наоѓалиште
Чепрево is located in Македонија
Чепрево
Местоположба на Чепрево во Македонија
Местоположба 41°44′06″N 22°14′57″E / 41.73500° N; 22.24917° E / 41.73500; 22.24917Координати: 41°44′06″N 22°14′57″E / 41.73500° N; 22.24917° E / 41.73500; 22.24917
Основни податоци
Место Шашаварлија
Општина Штип
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Чепревоархеолошко наоѓалиште во штипското село Шашаварлија. Претставува населба од доцноантичко време.

На околу 7 км од селото, близу до меѓите со атарот на Штип има рамнина со ниви во кои селаните при орањето наидувале на остатоци од темели на ѕидови градени од кршен камен, тули и варов малтер.[1]

Во 1974 година Манол Стефанов нашол голем питос кој во се чува во неговиот дом. На источниот крај на теренот одвај се забележуваат темели, можеби од црквичка, околу кои има камени плочи од гробови. Близу до наоѓалиштето тече селската река, а постојат и траги од стар пат.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 445. ISBN 9989-649-28-6.