Орлов Дол (Ново Село)
Орлов Дол — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Наоѓалиштето претставува каптажа и водовод од римско време [1],[2]. Над црквата Св. Спас, на околу 150 м југоисточно, со изведување на градежни работи е откриена каптажа издлабена во карпа. Влезот бил заѕидан, со отвор во горниот дел, затворен со голема плоча. Има засводен ходник долг 10 м, широк 0,75 м и висок 1,80-2 м, ѕидан од делкани камени плочи. Најден е и дел од водоводна инсталација која се спушта кон коритото на реката Отиња.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Калимерово — населба од доцноантичко време;
- Марков Камен — некропола од хеленистичко време;
- Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време;
- Паскова Чешма — осамен наод од римско време;
- Ново Село;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Штип
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на каптажа
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на водовод
- Ново Село (штипска населба)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Штип
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Штипско