Прејди на содржината

Македонски народен театар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски народен театар
КратенкаМНТ
Основана1945
Видтеатар, драма
Местоул. 11 Март бр. 3, Скопје
в.дНикола Кимовски
Вработениоколу 150
Мреж. местоmnt.mk
Првобитната зграда на театарот во 1920-тите години
Поглед на салата

Македонски народен театар (скрат. МНТ) — државен театар во Скопје.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Првиот скопски театар „Ада Кафе“ од 1906 г.
Народен театар, старата зграда

Првиот скопски театар е таканаречениот „Турски театар“ или „Ада Кафе“, изграден во 1906 г. По ослободувањето од Отоманското Царство, неговата зграда е прилагодена и тука започнал да работи Народниот театар „Крал Александар I“ основан во 1913 г. од Бранислав Нушиќ како прва професионална театарска установа.[2]

Театарот е основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот. Првата претстава изведена на неговата сцена е лирската трочинка Платон Кречет од украинско-советскиот драматург Александар Корнејчук, во препев на Блаже Конески. Премиерата се случува на 3 април 1945 година, како режисер се јавува Димитар Ќостаров, а во главната улога игра Илија Милчин.[3]

Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмски театар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).

Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:

Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.[4].

Премиери

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Во прилог следуваат некои историски документи и фотографии од најраната историја на театарот:

  1. Лужина, Јелена (1996). Македонската нова драма, или, Вовед во феноменологијата на современата македонска драматургија. Детска радост.
  2. Историјат, МНТ
  3. Од архивата на МНТ
  4. „Цели 79 години МНТ - миг кој трае“. Посетено на 31 јануари 2024. од Вечер
  5. „Му се плашиме на Чехов, затоа го нема на сцена“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 18.
  6. Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 9.
  7. Игор К. Илиевски, „МНТ со „Чикаго“ ќе ја гаси жедта за мјузикл“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 19.
  8. Дневник, година XX, број 6041, петок, 15 април 2016, стр. 22.
  9. Дневник, година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 12.
  10. Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 25.
  11. „Во МНТ вечерва македонска премиера на „Соларис“ на Жолдак“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]