Тихомир Спировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милош Константинов
Роден 28 јануари 1968
Битола
Починал 9 април 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање театарски, телевизиски и филмски сценограф и костимограф

Тихомир Спировски - Младичот (Битола, 28 јануари 1968 - Скопје, 9 април 2013) — македонски театарски, телевизиски и филмски сценограф и костимограф.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Спировски е роден на 6 јануари во 1968 година во Битола. Завршил Филозофски факултет, Историја на уметност со археологија, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел на многу голем број претстави, меѓу кои се: „Буре барут“, „Црна дупка“, „Хомо еректус“, „Мара де Сад“, „Дон Кихот“, „Дундо Марое“, „Тетовирани души“, „Македонски рулет“, „Комшилук наопаку“, „Лонг плеј“, „Пат за Никарагва“ и други. А освен во Драмски и во МНТ, работел и во театрите во Струмица и во Битола, во КПГТ во Суботица, во Градскиот театар во Подгорица и во други театарски куќи. Спировски сценографија и костимографија потпишал и во неколку играни и телевизиски филма, како и на реклами и спотови. Работел на „Крајот на светот“ на Јани Бојаџи, потоа на спотот „Сараево“ - Влатко Стефановски, на „Феномен театар“ и на многу други проекти. Починал во Скопје на 45 годишна возраст на 9 април 2013 година. Погребан е во родната Битола.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kočiški, Veljo (2004). Makedonskiot naroden teatar vo samostojna Republika Makedonija. Makedonski naroden teatar.
  2. „Почина сценографот Тихомир Спировски - Младичот“. Нова ТВ. 9-04-2013 16:27:37. Посетено на 2013-04-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)