Кирил Псалтиров
Кирил Псалтиров | ||
Роден | 11 октомври 1941 Кочани, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 8 мај 2021 Скопје, Македонија | (возр. 79)|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Пред дождот Тврдокорни Македонски народни приказни Пресуда Во светот на бајките Чекор пред времето Мисија Лондон Од зад грб Време, води Бардо | |
Занимање | глумец |
Кирил Псалтиров (роден на 11 октомври 1941 во Кочани - починал на 8 мај 2021 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, како и поранешен советник во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Псалтиров во 1974 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје и останува сè до неговото пензионирање.
Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани актери заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња Каранџуловска. Од 1974 година до неговото пензионирање работел како глумец при Драмата на Македонскиот народен театар и глумел во повеќе филмови.
Во 2012 година, Комисијата за верификација на фактите (лустрациската лустрација на Република Македонија) утврдила Псалтиров дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ[1], на кое тој изјавил дека не бил кодош туку жртва на комунистичкиот режим[2].
Филмографија[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Улога |
---|---|---|
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | ? |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1975 | Јад ТВ-филм | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Бегалецот |
1977 | Пресуда ТВ-филм | ? |
1979 | Партизанска ескадрила ТВ-филм | |
1980 | Време, води ТВ-филм | Величко |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | Минувачот |
1982 | Мистериозниот предмет ТВ-филм | |
1982 | Тоа е мојот живот ТВ-филм | |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1983 | Потера ТВ-филм | |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1985 | На наш начин ТВ-серија | |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | |
1985 | Ајде да се дружиме ТВ-серија | |
1986 | Климент Охридски ТВ-филм | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | |
1986-1989 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1987 | Чорбаџи Теодос ТВ-филм | Панко |
1987 | Народни трибуни ТВ-серија | |
1987 | Чук чук Стојанче ТВ-серија | |
1988 | Скопски сновиденија ТВ-филм | |
1988-1992 | Тврдокорни ТВ-серија | Христо Узунов |
1989 | Мугра ТВ-филм | |
1990 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / |
1990 | Еурека ТВ-серија | |
1992 | Време, живот ТВ-филм | |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | Моме |
1994 | Прекалени ТВ-серија | |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Командирот |
1995-1997 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1999 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1999 | Време, живот ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | келнерот Стево |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | / |
2001 | Прашина ТВ-филм | Арнаут |
2003 | Чекор пред времето ТВ-филм | |
2004 | Under ТВ-филм | |
2004 | Како убив светец ТВ-филм | |
2007 | Превртено ТВ-филм | |
2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2010 | Мисија Лондон ТВ-филм | Мома Димич |
2012 | Бардо ТВ-филм | Дедото |
2012-2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / |
2013 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2016 | Ослободување на Скопје ТВ-филм | |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Објавени досиејата на Кирил Псалтиров и Исак Ајрули: Како комунистите врбувале кодоши!“. Посетено на 2012-08-16.[мртва врска]
- ↑ „Псалтиров: Не сум кодош, туку жртва на тогашниот систем“. 16 август 2012. Посетено на 2012-08-16. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Кирил Псалтиров на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Кирил Псалтиров, Македонски народен театар