Александар Стојановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења, видете на појаснителната страница
Александар Стојановиќ
Роден 2 август 1934
Белград
Починал 11 март 2016
Скопје
Занимање балетан, кореограф, режисер и репетитор

Александар Стојановиќ (српски: Александар Стојановић; Белград, 2 август 1934 - Скопје, 11 март 2016) — познат македонски балетски играч[1], кореограф, режисер и репетитор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојановиќ е роден во Белград, Србија на 2 август 1934 година. Балетското образование го стекнал во училиштето „Луј Давичо“ во Белград и во Балетското училиште во Скопје, во класата на Н. Кирсанова. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ и негов првенец (1954-1982). Танчер со изразена уметничка креативност. Починал во Скопје на 11 март 2016 година.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Дон Кихот (Л. Минкус, „Дон Кихот“),
  • Тибалд (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“),
  • Алберт (А. Адам, „Жизел“) и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Шеесет години македонски балет“. Нова Македонија. 5 октомври 2009. Посетено на 2010-04-14.[мртва врска]