Васил Зафирчев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Васил Зафирчев (Велес, 28 февруари 1980) е македонски театарски и филсмки актер, музичар и водител.

Содржина

[уреди] Биографија

Дипломира во 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Веднаш потоа, Зафирчев настапува во повеќе театри во Македонија, како Македонскиот Народен Театар, Драмскиот Театар, народните театри во Велес, Прилеп и Струмица и Македонската Опера и Балет. Со своите 28 години, Зафирчев остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни актерски награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото актерско признание „Ристо Шишков”, како и на повеќе меѓународни театарски награди.

Од 2004-2006 година Зафирчев е и Претседател на Здружението на драмски уметници на Република Македонија - „Џинот”. Од 2004 година е уметнички директор на Калиопи Мјузик Продукција. Од 2006-2007 година Зафирчев е професор и на Актерскиот факултет при Славјанскиот Универзитет во Битола. Од 2006-2007 година е професор и по актерска игра во средното балетско училиште "Илија Николовски-Луј" во Скопје. Од 2006 до 2008 година е вработен во Националната Установа Драмски Театар, Скопје. Денес, Васил Зафирчев е уметнички директор на Театарот "ЈХК-Џинот" од Велес.

[уреди] Театарски претстави

  • "Сердарот"
  • "Плутос"
  • "Еригон"
  • "Комедија А"
  • "Елешник"
  • "Ојдип тиранин"
  • "Змејот"
  • "Волшебната музичка кутија"
  • "Стари миризби"
  • "Принцезата Мразулка"
  • "Сон на летната ноќ"
  • "Кокошка"
  • "Филоктет"
  • "Радован трети"
  • "Лисистрата"
  • "Есперанца"
  • "Пијанистот"
  • “Арт"
  • “Macedoine-Одисеја 2001"
  • “Стрип Шекспир"
  • "Во самотијата на памучните полиња"
  • "Хомо еректус"
  • "Летни Силјане"
  • “ Будење"
  • "Облаци"
  • "Ана"
  • "Четвртата сестра"
  • "Три сестри""Чија си"
  • "Новогодишна трилогија"
  • "Дневник Стравински"
  • "Жив чоек"
  • "Танц на ноќните пеперутки во Ориент-Експресот"
  • "Последниот маж, последната жена"
  • "Дневник Дали"
  • "Јас, Исидора"
  • "Дневник за нас"
  • "Оркестар Титаник"
  • "Дон Жуан"
  • "Македонски рулет"
  • "Комшилук наопаку"
  • "Х-Хамлет"
  • "Сликата на Софија"
  • "Супернова"

[уреди] Филмови и драми

  • Елегија за тебе
  • Театро
  • Крчма на патот за Европа
  • Приказни за љубовта и свршувањето
  • Последниот фалцер

[уреди] Награди

  • Награда за најпопуларен актер "Златна Бубамара", Скопје, февруари 2006
  • Награда за најуспешен актер на манифестацијата "13-ка за најуспешните", Струга, јули 2006
  • Награда "9-ти Ноември" на град Велес, највисоко општинско признание за афирмација на Велес во областа на културата, Велес, ноември 2005
  • Награда за највисоко актерско достигнување за 2005 година за улогата на Последниот маж во претставата "Последниот маж, последната жена" на Интернационалниот фестивал на камерен театар "Ристо Шишков", Струмица, септември 2005
  • Награда за специјален уметнички израз и највисока естетика за моноперформансот "Пијанистот" на Интернационалниот фестивал на моноперформанси "Арммоно", Ереван, Ерменија, септември 2004
  • Награда "Зоран Радмиловиќ" за најдобра улога во комедија за улогата на Јеленче во претставата "Радован III" на Интернационалниот театарски фестивал "Денови на Зоран Радмиловиќ", Зајечар, Србија и Црна Гора, ноември 2003
  • Награда за најдобро актерско остварувње "Златна маска" на ревијата "Вечер", за улогата на Лисистрата во претставата "Лисистрата" на Фестивалот "Охридско лето", Охрид, август 2003
  • Награда "Златна маска" на ревијата "Вечер", за авторскиот проект "Пијанистот" на Фестивалот "Охридско лето", Охрид, август 2003
  • Награда за најпопуларен актер "Златна Бубамара", Скопје, март 2003
  • Награда за најпопуларен актер на ревијата "Вечер", Скопје, февруари 2003
  • Најдобро актерско остварување за улогата на Лисистрата во претставата "Лисистрата" на Првиот Интернационален Фестивал на Античка драма "Стоби", Велес, јули 2002
  • Награда за најоригинална и најекстравагантна претстава за моноперформансот "Пијанистот" на Интернационалниот Фестивал на моноперформанси "Видлуња", Киев, Украина, април 2002
  • Најдобро актерско остварување за улогата на Деметар во претставата "Сон на летната ноќ" на МТФ "Војдан Чернодрински", Прилеп, јуни 2001
  • Најдобар млад актер за улогата на Јанко во претставата "Елешник" на МТФ "Војдан Чернодрински", Прилеп, мај 2000
  • Награда за најдобар млад актер на Академијата за музичка и сценска дејност на Град Велес, Велес, февруари 1998
  • Награда за најдобар говор и дикција на Фестивалот на алтернативен и амaтерски театар-ФААТ, Кочани, мај 1997

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник