Зоран Љутков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Љутков
Роден 1 октомври 1977(1977-10-01)(46 г.)
Велес, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Преспав
Пепи и Муто
Фамилија Марковски
Прашина
Операција дијамант
Сенки
5+ фамилија
Занимање глумец
Сопружник Маја Љутков

Зоран Љутков (р. 1 октомври 1977 во Велес) — македонски театарски и филмски и телевизиски глумец, кој моментно работи во Драмскиот театар во Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Љутков е роден во 1977 г. во Велес[1]. Дипломирал на Факултетот за драмски Уметности во Скопје во 2001 г. во класата на прод. Владимир Милчин, а во 2002 г. запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 г. се вработил како глумец во Драмскиот театар (ДТС) во Скопје.

Уште во текот на студиите глумел во претстави во Народениот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во родниот Велес, но и во други театри во Македонија[1]. До денес има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски установи во државата.

Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти. Добитик е на две награди.[1]

Театарски улоги[уреди | уреди извор]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографија на глумецот Зоран Љутков
Год. Назив Улога
2000-ти
2001 Прашина ТВ филм османлиски војник
2002 Заведени ТВ серија Томи
2003 Резервни делови ТВ филм Мирче
2003 Последниот фалцер ТВ-филм Мустафа
2003 Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серија Режисерот
2005 Контакт ТВ филм Рецепционерот
2005 Сашо и Сашка ТВ-серија
2006 Караула ТВ филм Милчо
2006 Девет степени ТВ филм Александар
2006 Тајната книга ТВ филм
2006 Патувањето до рабробил ТВ серија
2007 Цимери ТВ-серија
2007 Сенки ТВ филм Славко
2010-ти
2011 Трето па машко ТВ серија Гроздан
2013 Тиквешко востание ТВ-серија
2013 2014 Тврдокорни ТВ серија
2015 5+ ТВ филм Комшијата
2015 Пепи и Муто Краток филм Началникот
2015 Последниот Македонец Филм Коте
2015-2021 5+ фамилија ТВ-серија Комшо
2016 Операција Дијамант ТВ-серија Мики
2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Професор по физичко
2018-2023 Преспав ТВ серија Градоначалникот
2019 Скопје 2020 Краток филм Таткото
2020-ти
2022 Тајниот изум ТВ-филм Комшо
2022 Во срцето на машината ТВ-филм
2022 Снежана на крајот умира ТВ-филм Газда на агенцијата
2022 Куќен притвор ТВ-серија Судијата
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Петар

Награди[уреди | уреди извор]

  • 2002: Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ за ликовите во претставата „Синдром Чернодрински“ на XXXVII Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
  • 2005: Награда од публиката за улогата на Момчето Лисистрата на фестивалот за античка драма Стоби во Стоби
  • 2014: Награда за најдобра машка улога за улогата на "Цанде" во претставата "Солунски патрдии" на Првиот Интернационален Фестивал "Гола Месечина"
  • 2021: Награда за најдобра машка улога на XVIII "Ифад Стоби 2021" за улогата на Сатирот Силен во "Сатирската игра" во режија на Деан Дамјановски.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Зоран Љутков“. Ансамбл. Драмски театар - Скопје. Посетено на 7 мај 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]