Петар Мирчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Мирчевски
Роден 11 ноември 1956(1956-11-11)(67 г.)
Крушево, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Пред дождот
Контакт
Сенки
Збогум Румелија
Преспав
Ослободување на Скопје
Прашина
Сенки над Балканот
Занимање глумец

Петар Мирчевски (роден на 11 ноември 1956 во Крушево) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мирчевски е роден во 1956 година во Крушево. Кај блиските е познат и по прекарот Пепи Пивцето кој го добил во средношколските денови, за време на учеството во една работна акција. Неговите двајца сина Филип и Мартин продолжиле по стапките на таткото, работејќи како глумци во Народниот театар во Битола.[1] Дипломирал на ФДУ во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година станал член на битолскиот театар. Тој е еден од најангажираните и најекспонирани глумци, не само во историјата на битолскиот театар, туку и пошироко во Македонија. Покрај настапите во својата матична куќа, Мирчевски бил чест гостин и на сцената во Прилеп.

Театарска кариера[уреди | уреди извор]

Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави.[1] За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко[2]. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија.[3]

Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[4][5]

Во 2021 година Мирчевски ја добил наградата „4 Ноември“ за животно дело[6]

Во 2023 година, Мирчевски ја добива наградата за животно дело "Војдан Чернодрински"

Филмографија[уреди | уреди извор]

Покрај настапите во театарот, Мирчевски остварил и плодна телевизиска и филмска кариера:

Година Филм Улога
1970-ти
1976 Патот кон иднината ТВ-серија
1979 Наши години ТВ-серија
1980-ти
1981 Стојче ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1984 Другарувања ТВ-серија Таки
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Трговецот
1987 Ѕвездите од 42 та ТВ-филм Василев
1987 Народни трубадури ТВ-серија
1988 Некоја чудна земја ТВ-филм Минувач
1988 Еурека ТВ-серија Менделев
1990-ти
1992 Тврдокорни ТВ-серија Блаже
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Џуџе Акира
1994 Пред дождот ТВ-филм Здраве
1996 Феликс ТВ-филм
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
1998 Салон Хармони ТВ-серија Пепи
1999 Во светот на бајките ТВ-серија
2000-ти
2000 Је ли јасно пријатељу ТВ-филм Мали
2001 Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филм Царот
2001 Прашина ТВ-филм Попот
2003 Бубачки ТВ-филм
2004 Големата вода ТВ-филм Дервутоски
2004 Илузија ТВ-филм Полицаец
2004 Како убив светец ТВ-филм Михајловиќ
2005 Бал-кан-кан ТВ-филм Хомер
2005 Контакт ТВ-филм Новак
2006 Тајната книга ТВ-филм Гулабарот
2006 Караула ТВ-филм Миловановиќ
2007 Сенки ТВ-филм Благојче
2007 Превртено ТВ-филм Човек во костум
2007-2009 Збогум, Румелија ТВ-серија Петрус Ефенди
2009 Балканска свадба ТВ-серија
2010-ти
2010 Мајки ТВ-филм Распусто
2012 Душан ТВ-филм Миле
2012 Трето полувреме ТВ-филм Берберот
2012 Само за губитници краток филм
2013 Фалсификатор ТВ-филм Командир Поповски
2013 Тврдокорни ТВ-серија Бугарски претставник
2014 Споменикот на Мајкл Џексон ТВ-филм Таксист
2015 На млечниот пат ТВ-филм
2015 Чизмаши ТВ-серија Трпко
2015 Пепи и Муто ТВ-филм Пепи
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Агент Господинов
2016 Црвената соба ТВ-филм Стојанче
2017 Анка ТВ-филм Ночни јагар
2017-2019 Сенки над Балканот ТВ-серија Круме
2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Тодоров
2018-2020 Преспав ТВ-серија Гоце Бузалевски
2018 На млечен пат ТВ-филм Поп-кувар
2019 Господ постои, името ѝ е Петрунија ТВ-филм Стојан
2019 Врба ТВ-филм Ставре
2020-ти
2022 Блок 27 ТВ-серија Елвис
2022 Лена и Владимир ТВ-филм Јово
2022 Мими ТВ-филм Љупчо
2022 Балканска приспивна песна ТВ-серија
2022 Кајмак ТВ-филм Богдан
2022-2024 Тин Камп ТВ-серија Ставре
2024 Црвениот поет ТВ-серија Агент Мијо

Петар Мирчевски настапил и во турската ТВ-серија „Збогум Румелија“, која се снимала на неколку локации во Македонија (Битола, Охрид и селото Маково во Мариово) во периодот од 2007 до 2009 година. Во серијата го толкувал ликот на бугарскиот трговец со тутун Петрус ефенди, а во серијата се појавува во околу триесетина епизоди.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Жанета Здравковска, „Учев турски само за улогата во Збогум, Румелија“, Антена, број 868, 13 февруари 2015, стр. 8-9.
  2. „Петар Мирчевски ја доби наградата „Петре Прличко". Утрински весник. 26 декември 2008. Посетено на 2011-04-14.
  3. „Петар Мирчевски награден на театарскиот фестивал во Србија“. Курир. 14 април 2011 16:27. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на 2011-04-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „11 Октомври“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ на семрежното место на САКАМ ДА КАЖАМ
  5. „Награда за животно дело за глумецот Мирчевски“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 17.
  6. „АКТЕРОТ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЈА ДОБИ ОПШТИНСКАТА НАГРАДА НА БИТОЛА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „4 НОЕМВРИ". СДК. 25 октомври 2021. Посетено на 26 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]