Добрила Пуцкова
Од Википедија, слободната енциклопедија
Добрила Пуцкова (Куманово, 6 јуни 1926 - Скопје, 23 февруари 2007) била македонска актерка[1].
Содржина |
[уреди] Биографија
Пуцкова е родена на 6 јуни 1926 во Куманово, каде го завршува доуниверзитетското образование. По положената аудиција влегла во првиот состав на Драмата на Македонскиот народен театар во 1945 година, во кој останува во текот на сиот работен век, односно до пензионирањето во 1982 година. Во 2002 година добила награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп[2]. Починала на 23 февруари 2007 во Скопје.
[уреди] Улоги
- театар
- Селективна театрографија: Валја (Платон Кречет, 1945); Вера (Некаде во Москва, 1947); Феба (Како што милувате, 1948); Васка (Задруга, 1950); Анжелика (Вообразен болен, 1952); Дездемона (Отело, 1954); Сестра Анжелика Глембај (Господа Глембаеви, 1955); Магдалена (Домот на Бернарда Алба, 1956); Коштана (Коштана, 1956); Госпоѓа Линде (Нора, 1957); Неда (Црнила, 1961); Ана Копецка, крчмарка кај криглата (Швејк во Втората светска војна, 1963); Дара (Госпоѓа министерка, 1965); Бранка (Матурска вечер, 1966); Кејт Пар (Хенри VIII и неговите шест жени, 1967); Гаиса Илинишина Шелавина (Без вина виновни, 1968); Клитемнестра (Електра, 1970); Прасковја Дроздова (Бесови, 1978).
- филм
- Волчја ноќ (1955: споредна улога), Ангели на отпад (1995, споредна улога), Време, живот (1999, споредна улога)
[уреди] Наводи
- ↑ Stefanovski, Risto (1998). „Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija“. Direkcija za kultura i umetnost.
- ↑ „37. издание на „Војдан Чернодрински““ (на македонски). А1. 07.06.2002 00:00. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=9299. проверено на 2011-01-08.