Петре Бакевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 - Скопје, 25 август 2011) — македонски поет, раскажувач, публицист и театарски критичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петре Бакевски е роден во Кавадарци на 5 јануари 1947 година. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер“. Бил директор и главен уредник на Книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Бил претседател на Советот на СВП. Член на ДПМ од 1974 година.[1] Автор е на книгите: Пат до летото (поезија, 1972), Земјољубец (поезија, 1975), Крикот на паунот (поезија, 1982), Премиери (театарски критики, 1983), Раскината карта (поезија, 1984), Лицето на времето (поезија, 1985), Лица и маски (театарски критики, 1988), Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990), Сенката на сонот (поезија, 1990), Те а Ма са (поезија, 1991), Живи ѕвезди (поезија, 1992), Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994), Во сенката на мечот (поезија, 1994), Покосница (поезија, 1995), Сто сонети (1997), Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997), Елегии (1998), Балади (1999), Гламни (новели, 2000). Добитник на наградите: „13 ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“. Негова ќерка била новинарката Неда Бакевска Виллалба. По долго боледување починал во Скопје на 25 август 2001 на 64-годишна возраст.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 35.
  2. „Почина поетот Петре Бакевски“. Дневник. 25 август 2011, 14:40. Посетено на 2011-08-25. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]