Нела Витошевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нела Витошевиќ (1984) е македонска театарскa режисерка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Нела Витошевиќ е родена во 1984 година. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во класата на проф. Слободан Унковски во 2008 година. На истата катедра ја одбранила и својата магистерска теза „Третманот на категоријата време во претставата F1RM4 виден преку Ајнштајновите соништа на Алан Лајтман“, со што го добила звањето магистер по театарска режија. Од 2006 година професионално работела како театарски режисер. Од 2009 до 2010 година работела како демонстратор на катедрата по театарска режија, а од 2012 како асистент на катедрата по глумечка игра.[1] Работела и како менаџер за односи со јавност во Македонскиот народен театар од 2008 до 2009 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Професионалната кариера на Нела Витошевиќ како театарски режисер започнала уште за време на студирањето, кога нејзината дипломска претстава „Чикашки перверзии“ била поставена на репертоарот на Драмскиот театар во Скопје. Потоа, таа постигнала голем успех со следната нејзина претстава, „Вејка на ветрот“, поставена во Македонскиот народен театар. Во прилепскиот театар ја режирала претставата „Змејовата невеста“, според текстот на Димитар Г. Молеров, која ги освоила наградите за најдобра претстава и најдобра режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.[1] Заедно со режисерот Васил Христов во 2010 година го формираат независниот театар „Wonderland Theatre“ во чија продукција биле поставени претставите: „Bрод за кукли“, „Класен непријател“ , „F1RM4“ , „5:17“ и „Грдиот“.[2] исто така, таа работела и како режисер на повеќе сценски настани, а особено е активна како кастинг-директор и асистент на режија во повеќе македонски филмови и филмови снимани во Македонија.

Награди[уреди | уреди извор]

Претставите на Витошевиќ учествувале повеќепати на МОТ и на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински. Во 2011 г. претставата „Брод за кукли“ ја освоила наградата за најдобра претстава на фестивалот МОТ.[2] Во 2013 година, „Змејовата невеста“ ги освоила наградите за најдобра претстава и најдорба режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Театарски претстави[уреди | уреди извор]

  • Да тргнеме, Сењор!, Од Ана Ристоска, Продукција: Македонски народен театар, Режисер
  • Сон на летната ноќ, според Вилијам Шекспир, НУК Марко Цепенов – Прилеп / Театар Војдан Чернодрински, Прилеп, режисер
  • Вагинални монолози, Независен театарски проект, Режисер и адаптација на текст
  • 5:17, Ана Ристоска, Продукција: Wonderland theatre, Скопје, Режисер
  • Змејовата невеста, според Димитар Г. Молеров, Продукција: НУК Марко Цепенов – Прилеп / Театар Војдан Чернодрински, Прилеп, Режисер и адаптација на текст
  • F1RM4, според Push up 1-3 на Роланд Шимелфенинг, Продукција: Wonderland theatre и МКЦ, Режисер и адаптација на текст
  • Брод за кукли, Милена Марковиќ, Продукција: Wonderland theatre, Режисер
  • Пруга за ледната пролет, Томислав Османли, Продукција: Еврејска заедница, Скопје, Режисер
  • Вејка на ветерот, Коле Чашуле, Продукција: Македонски народен театар, Режисер
  • Играј според правилата, Венко Андоновски, Продукција: Пристоп Мк и ОБСЕ, Режисер
  • Чикашки перверзии, Дејвид Мемет, Продукција: Драмски Театар, Скопје, Режисер
  • == Видео материјали ==
  • Змејовата невеста[3]
  • F1RM4[4]
  • Брод за кукли[5]
  • 5:17 дете[6]
  • 5:17 девојка[7]
  • 5:17 мачка[7]
  • Вејка на ветрот[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.
  2. 2,0 2,1 37. Млад отворен театар – Нешто е гнило..., Скопје: Младински културен центар, 2012.
  3. [1]
  4. http://www.youtube.com/watch?v=ns6P9toiexI
  5. http://www.youtube.com/watch?v=jJDC9hcNkaM
  6. http://www.youtube.com/watch?v=lHD2ryTo54k
  7. 7,0 7,1 http://www.youtube.com/watch?v=zurdRMRF_Oo
  8. http://www.youtube.com/watch?v=CjYDrz2oiEs