Бранко Ставрев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Ставрев
Роден 1 февруари 1939(1939-02-01)(85 г.)
Струмица, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање режисер

Бранко Ставрев (р. 1 февруари 1939 во Струмица) — македонски режисер, сценограф и директор на драмата на МНТ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ставрев ги завршил студиите на групата за македонски јазик со југословенска книжевност на Филозовскиот факултет во Скопје. Во Македонски народен театар - Скопје е од 1965 година, а пред тоа работел во Струмичкиот театар, како глумец и режисер (1965-1966).

Од позначајните режисерски проекти се: "Обиди се во надеж" (1961), "Матуранти" (1964), "Видел" (1968), "Бања" (1968), "Трамвајот наречен желба (1969), "Парите се отепувачка" (1970), "Жовотот на Галилеј" (1972), "Смртта на Терлекин" (1973), "Векутума века или житие Адамово" (1974), "Студенти" (1977), "Женидба" (1978), "Кенгурски скок" (1979), "Злосторство и казна" (1980), "Молскавици" (1980), "Дамоклов меч" (1983), "Иванов" (1984), "Ревизор" (1975), "Големиот брилјантен валцер" (1986), "Големиот скок" (1986), "Мајсторот" (1986), "Сурари" (1987), "Антица" (1988), "Пуста земја" (1989), "Галеб" (1990), "Жорж Данден" (1992), "Мортолозот" (1992), "Бунт во домот за старци" (1994), "Пат за Лихнидос" (1994), "Печалбари" (1996), "Пиликатник" (1997), "Отепувачка" (1997), "Идиот" (1998), "Писание" (2002), "Болва в' уво" (2007).

Тој ги режирал следниве филмови: Човекот во црно, Бели памук - црвено предиво и Милион маченици.

Награди[уреди | уреди извор]

Тој е добитник на следните награди:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]