Драгана Костадиновска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгана Костадиновска
Родена 10 декември 1983
Скопје
Националност Македонка
Занимање глумица

Драгана Лошкова (моминско Костадиновска; Скопје, 10 декември 1983) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2006 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2008 година.[1]

Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Костадиновска учествувала на театарските фестивали „Град театар“ во Будва (2005), „МЕСС“ во Сараево (2006), „БИТЕФ“ во Белград (2006), „Пост Југославија“ во Рим (2006) и Меѓународниот театарски фестивал „Богота“ во Богота (2010); а учествувала и во образовни работилници, како на пример „Сараево талент кампус на [[Сараевски филмски фестивал|Сараевскиот филмски фестивал (2009), Меѓународната летна театарска школа на Сојузот на театарските работници од Русија во Москва (2009) и „Берлин талент кампус“ на Берлинскиот филмски фестивал (2010).[1]

Театрографија[уреди | уреди извор]

  • Дона Елвира — „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје, 2005;
  • „Соларис“, р. Златко Славенски, МНТ, 2007;
  • Луси — „Дракула“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2007;
  • Ана — „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје, 2008;
  • Пациент — „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
  • Фаншет — „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008;
  • Џезабел — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2009;
  • „Писма од сеќавањата“ од Олег Николаев, Сојуз на театарските работници на Русија, 2009;
  • Учителка по англиски јазик — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
  • Касандра — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2009;
  • Психолог — „Темпирана опера“ од Бертолт Брехт и Ентони Барџис, р. Васил Христов, МНТ, 2010;
  • Марина — „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010;
  • Анџелика — „Фирма“ од Роланд Шимелфенинг, р. Нела Витошевиќ, Вондерленд театар, 2011;
  • Лу — „Олово на перница“ од Венко Андоновски, р. Димче Николовски, Драмски театар - Скопје, 2011;
  • Барбара, Мара — „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2011;·       
  • Фанчета — „Свадбата на Фигаро“ од Пјер Бомарше, р. Леван Цуландзе, МНТ, 2011;·     
  • Лиза Дроздова — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
  • Луј XIV — „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, р. Александар Поповски, МНТ, 2012;
  • Естреа Бенвениста — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • „5:17“ од Ана Ристоска, р. Нела Витошевиќ, Вондерленд театар, 2013;·        
  • Ќерката — „Да тргнеме Сењор“ од Ана Ристоска, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2014;·          
  • Маргарита — „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, р. Иван Поповски, МНТ, 2015;·         
  • Вероник — „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза, р. Нела Витошевиќ, Народен театар „Ацо Шопов“ -  Штип, 2018;·
  • Леди Макбет — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019:
  • "Илузии" од Иван Вирипаев, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2020;
  • "Работи за кои не споруваме", според вистински приказни, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2021;
  • Петра фон Кант - "Горчливите солзи на Петра фон Кант" од Рајнер Вернер Фасбиндер, р. Ивица Димитриевиќ, МНТ, 2022;
  • Лекарка - "Сите сме птици" од Важди Муавад, р. Слободан Унковски, МНТ, 2022;
  • Ана Петровна - "Иванов" од Антон Павлович Чехов, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 2023.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Девојчето — „Северен лет“, р. Вардан Тозија, краткометражен филм, 2004;
  • Ана — „Трезна“, р. Марко Ѓоковиќ, краткометражен филм, 2009;
  • Анѓа — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, 2011;
  • Софи — „Госпоѓа Рубин“, р. Костадин Анастасов, краткометражен филм, 2011;
  • Олимпија — „Еј“ од Васил Христов, р. Васил Христов, 2018.
Телевизиски серии
  • Магдалена — „Обични луѓе“ од Братислав Димитров, р. Томислав Алексовски, 2005;
  • Зана — „На терапија“, 2017.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда за најдобра глумица за 2013 г. на „Златна Бубамара“ на популарноста.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]