Борис Чоревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Чоревски
Роден 15 септември 1949(1949-09-15)(74 г.)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Најдолгиот пат
Трговецот од Солун
Црвениот коњ
Прашина
Мајки
Трето па машко
Големи и мали
Ослободување на Скопје
Битолски лакрдии
Занимање глумец
Татко Трајко Чоревски
Мајка Ратка Чоревска
Роднини Благоја Чоревски (брат)
Деца Илина Чоревска (ќерка)

Борис Чоревски (роден во Скопје, 15 септември 1949)[1] – македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1975 година.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Борис Чоревски е роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за глумечка игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Како гостин настапувал во театрите во Прилеп, Штип, Струмица и во Скопје Македонски народен театар и Драмски театар.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во својот глумечки живот остварил повеќе од 100 театарски улоги, како и редица филмски улоги.

Поважни театарски улоги[2][уреди | уреди извор]

Година Улога Претстава Автор
1976 Вук Јелена Ќетковиќ Александар Поповиќ
1978 Ѓока Сомнително лице Бранислав Нушиќ
1978 Никола Карев Окрвавен камен Васил Иљоски
1978 Даскалот Суд Коле Чашуле
1983 Малвоилио Ноќ спроти Водици Вилијам Шекспир
1984 Киро Лет во место Горан Стефановски
1986 Версилов Младич Достоевски
1986 Осман-бег Македонска крвава свадба Војдан Чернодрински
1996 Одам на лов Љубиша Георгиевски
1997 Ајгеј Медеја Еврипид
1997 Дон Жуан Дон Жуан се враќа дома Еден фон Хорват
1998 Владимир Чекајќи го Годо Семјуел Бекет
1998 Таткото Мачка на вжештениот покрив Тенеси Вилијамс
2000 Јордан Печалбари Антон Панов
2000 Прохор Железнов Васа Железнова Максим Горки
2001 Трајко попот Црквичето 40 маченици Владимир Костов
2003 Капулети Ромео и Јулија Вилијам Шекспир
2011 Барон Минхаузен Минхаузен Григориј Горин
2011 Пијаницата Обична приказна Марина Ладо
2015 Божествена комедија
2015 Тајното оружје
2016 Тоде Јане Задрогаз Горан Стефановски
2019 Детето Детето сонува Ханох Левин

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм /
1975 Јад ТВ-филм /
1975 Прва вечер ТВ-филм Климе
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Сеиз
1977 Пресуда ТВ-филм
1979 Жена од малтер ТВ-филм /
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1980 Учителот ТВ-филм /
1981 Црвениот коњ ТВ-филм /
1982 Илинден ТВ-серија Миле
1982 Јавачи на ветрот ТВ-филм /
1983 Црвениот коњ ТВ-филм /
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Сулејман-бег
1986 Среќна нова '49 ТВ-филм
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм /
1987 Девојките на Марко ТВ-серија /
1988 Втора смена ТВ-серија Милиционерот
1991 Поштар ТВ-филм
1992 Тврдокорни ТВ-серија
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија Григор Прличев - возрасен
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Мино Маткалиев
1999-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија
2000 Големи и мали ТВ-серија Милан
2001 Македонска емиграција ТВ-филм /
2001 Прашина ТВ-филм Стрелец
2002 Наше маало ТВ-серија Петар
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија /
2007 Сенки ТВ-филм Стамат
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Џамбо
2008-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Мајки ТВ-филм Батерија
2011 Трето па машко ТВ-серија Тихомир Цветко
2012 Трето полувреме ТВ-филм
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Командирот
2013 Тврдокорни ТВ-серија Јаким
2014 До балчак ТВ-филм
2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Златарот
2018 Година на мајмунот ТВ-филм Комшија 1
2022 Кајмак ТВ-филм
2024 Црвениот поет ТВ-серија Господин Колендиќ

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Борис Чоревски на мрежното место на ИМДб
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Значајни личности за Битола, 2007
  3. „БОРИС ЧОРЕВСКИ, РУБЕН И ЏИДРОВ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ". 23 септември 2021. Посетено на 4 декември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]