| „Мајки“ |
 |
| Режирано од |
Милчо Манчевски |
| Продуцент |
Кристина Калас |
| Сценарист |
Милчо Манчевски |
| Кинематографија |
Владимир Самоиловски |
| Монтажа |
Жаклина Стојчевска |
| Премиера |
12 септември 2010 (2010-09-12) |
| Држава |
Македонија |
| Јазик |
македонски |
| Буџет |
1.500.000 €[1] |
Мајки е македонски филм од 2010 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. „Мајки“ бил македонскиот кандидат за номинација за "Оскар" на 83. доделување на наградите на Академијата.[2]
Филмот е своевиден триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни. Првата приказна се одвива во Скопје, а во фокусот се две деветгодишни девојчиња, кои решаваат да пријават манијак во полиција, иако воопшто не го виделе. Втората приказна се одвива во Мариово: новинарска eкипа, составена од новинар, камерманка и снимач на звук, снима документарен филм за животот во напуштените села во Македонија. Така, тие се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село - брат и сестра на околу 80-90 години, кои се скарани од нивната младост до сега и кои не попуштаат да се помират и покрај тоа што се целосно осамени и во селото и во животот. Третата приказна е фактографска. Овој дел од филмот е со документарен карактер. Станува збор за приказна за познатиот македонски сериски убиец - новинарот Владо Танески од Кичево, кој бил осуден за силување и убиство на пензионирани чистачки.
Филмот "Мајки" бил сниман на повеќе локации низ Македонија: Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Монтажата на филмот се вршела во неколку постпродукциски студија во Париз, Лондон и Минхен. Филмот започнал да се прикажува во 2010 година.[3]
Надворешни врски [уреди]