Сенки (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Сенки“
Shadow poster int.jpg
Филмски постер на македонски јазик
Режирано од Милчо Манчевски
Продуцент Милчо Манчевски
Амедео Пагани
Корина Мехнер
Нермин Гладерс
Мартин Хусман
Димитар Гочев
Герардо Хереро
Мариела Бесуиевски
Томас Вудро
Сценарист Милчо Манчевски
Настапуваат Борче Начев
Салаетин Билал
Весна Станојевска
Сабина Ајрула-Тозија
Ратка Радмановиќ
Петар Мирчевски
Илко Стефановски
Владимир Јацев
Гоце Влахов
Филарета Здравковиќ
Музика Рајан Шор
Кинематографија Фабио Чанкети
Монтажа Дејвид Реј
Мартин Левенстин
Дистрибутер Bavaria Film International
Премиера Канада 9 септември 2007
Македонија 2 ноември 2007
Времетраење 120 мин[1]
129 мин[2]
Држава Македонија Македонија
Јазик Македонски
Буџет 4,600,000

Сенки (англиски: Shadows) е македонски филм од 2007 година, режиран, продуциран и напишан од страна на Милчо Манчевски.[1] Сниман е на повеќе локации во Скопје, Охрид и неколку други места низ Македонија. Сенки беше македонски кандидат за номинација за Оскар на 80тото доделување на наградите на Академијата, но истиот не влезе меѓу петте номинирани.[3][4]

Содржина

Содржина [уреди]

Успешен млад доктор, Лазар Перков, оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“. Но, изгледот некогаш залажува; и покрај сите земски задоволства, Лазар константно се обидува да ги задоволи своите мајка, татко и незаинтересирана сопруга. Секој ден му е ист, сè додека еден ден едвај преживува тешка сообраќајна несреќа.

По закрепнувањето, Лазар се соочува со луѓе кои наизглед умираат повеќе пати, и секогаш ја носат истата порака: „Врати го она што не е твое. Имај почит.“ Откако Лазар сфаќа дека овие негови привидувања не се само соништа, туку дел од секојдневниот живот, тој доаѓа до заклучок дека тие се изгубени души кои сè уште не нашле мир во другиот свет, и успева да открие што всушност треба да врати.

Улоги [уреди]

Актер/ка Улога
Борче Начев Д-р Лазар Перков
Салаетин Билал Герасим
Весна Станојевска Менка
Сабина Ајрула-Тозија Д-р Вера Перкова
Ратка Радмановиќ Калина
Петар Мирчевски Благојче
Илко Стефановски Д-р Карпузовски
Владимир Јачев Д-р Шишкин
Гоце Влахов проф. Кокале
Филарета Здравковиќ Гордана
Диме Илиев Игњат Перков

Реакции и рецензии [уреди]

Филмот своја премиера доживува на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а прикажан е и на уште неколку други познати фестивали. Во основа, истиот е добро прифатен, при што еден филмски критичар има изјавено дека истиот е „најамбициозниот филм на Манчевски до денес“. Патрик Мек Гевин од Screen Daily вели дека Сенки е „гламурозен и уредно среден [и дека Манчевски…] има добро око за композиција, водено од сензуалната, убава фотографија на италијанскиот кинематограф Фабио Чанкети.” Како особен квалитет на филмот Мек Гевин ја издвојува и „заводливата, откривачка улога на живата, особено привлечна млада актерка Весна Станојевска, професионален музичар во своето филмско деби. Таа на филмот му вбгризува особен еротски интензитет”.[5] За режисерот на филмот, пак, Милчо Манчевски, Сенки „е приказна за односот кон ближниот свој“[6]. Заедно со Балкан-кан, Сенки е најгледаниот филм во македонските кина. [се бара извор]

Види исто [уреди]

Портал „Филм

Белешки [уреди]

Надворешни врски [уреди]