А1 телевизија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
А1 Телевизија
L17.jpg
Отпочната 1993
Прекината 2011
Челни лица Велија Рамковски
Формат на слика 4:3 (576i, SDTV)
Држава Скопје, Македонија
Јазик македонски
Област на емитување Македонија
Делокруг ул. Перо Наков бб 1000, Скопје
Сестрински канал(и) А2 телевизија
Веб-страна a1.com.mk

А1 Телевизија е поранешен приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари биле дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создала свој кадар, кој се одликувал со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал го телевизијата го добила на 20 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. А1 Телевизија пред нејзиното затварање била една од најгледаните телевизии во Република Македонија.

А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.

По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престанала да емитува програма на 30 јули 2011 год. поради одлука на АЕК (Агенција за електронски комуникации). Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од законот за радиодифузна дејност, бидејке компанијата А1- телевизија ДОООЕЛ- Скопје имала отворено стечајна постапка. Дел од македонските експерти сметале дека ова е пресметка на владејачката партија со А1 телевизија која известувала од опозициска страна. Сопственикот на А1 Телевизија и уште неколку негови соработници во исто време се во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок. Во јули 2008 година, во рамките на А1 телевизија била оформена и нова А2 телевизија.

Содржина

[уреди] Награди

  • 2000 година - награда за објективно информирање 2000 за А1 Информативна програма од Здружението на новинарите на Македонија;
  • 2003 година - Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес. [1]


[уреди] Странска програма

Лого на а1 1993-2008
Лого на а1 2008-2011

[уреди] Серии

[уреди] Теленовели / Сапуници

[уреди] Квизови

[уреди] Домашна програма

[уреди] Белешки

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици