Александар Чомовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Чомовски
Роден(а)1948
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонија Македонец
ДржавјанствоМакедонија Македонија
ЗанимањеНовинар
Активен период1966 - сè уште
Страница
www.slobodenpecat.mk

Александар Чомовски (р. 1948, Скопје) — македонски новинар и аналитичар.

Кариера[уреди | уреди извор]

Чомовски кариерата ја започнува во далечната 1966 година, кога се вработува во Радио Скопје, како новинар. Подоцна преминува во Македонската Телевизија. Има работено и за порталот "Фокус". Во 1993 година, преминува во тогашната А1-телевизија како новинар и уредник на вести и емисии, каде беше и одреден период главен и одговорен уредник на истата. По згаснувањето на А1-телевизија[1] во 2011 година, по подолга пауза во 2015 година преминува во ТВ Телма во емисијата "Топ Тема" како уредник и водител, каде останува 3 години. Во 2018 година се вработува во "1ТВ", каде останува до затворањето на телевизијата во 2019 година. Во период од 2019 до 2022 година работи во "Слободна ТВ" во емисијата "Утрински брифинг" каде заедно со Сашо Ордановски и други колеги новинари се уредници на истата. Тој одреден период работеше и беше дописник од Македонија за Дојче Веле.

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сите ми забележуваат за гаснењето на светлото, но никој не памети што кажав јас тогаш“. 1.6.2021. Посетено на 9 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Новинарот Александар Чомовски добитник на наградата за животно дело Крсте Петков Мисирков“. 5.3.2021. Посетено на 7 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Новинарот Александар Чомовски добитник на наградата за животно дело Крсте Петков Мисирков“. 5.3.2021. Посетено на 7 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)