Судот на Ејми

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Judging Amy
200px
Екранска снимка од најавната шпица
Формат драма
Создадена од Ејми Бренеман
Бил Д’Елија
Џон Тинкер
Настапуваат Ејми Бренеман
Ден Футерман
Тајн Дели
Кевин Рам
Ричард Т. Џоунс
Маркус Џиамати
Џесика Так
Карли Ворен
Џилијан Арменанте
Тимоти Омундсон
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Број на сезони 6
Број на епизоди 138
Продукција
Времетраење 60 минути
Емитување
Канал на емитување CBS
Емитување 19 септември 19993 мај 2005

Судот на Ејми е американска телевизиска серија емитувана на каналот CBS од 1999 до 2005 година, со вкупно шест сезони. Серијата го следи животот на Ејми Греј, 35-годишна самохрана мајка која ја напушта својата кариера на адвокат во Њујорк и се враќа во своето родно место Хартфорд, каде станува судија за семејни случаи. Таа е разведена и сама ја одгледува ќерка си Лорен. Во Харфорд живее со својата доминантна мајка, Максин, поранешен социјален работник.

Сценариото е базирано врз вистинскиот живот на мајката на главната актерка, Ејми Бренеман, и е приказна за три генерации жени кои живеат заедно и кои се соочуваат со лични и професионални дилеми во својот променлив живот.

Во Македонија, Судот на Ејми се емитуваше на А1 телевизија.