Како ќе каже Џим

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Како ќе каже Џим
200п
Жанр ситком
Создадена од Трејси Њуман
Џонатан Старк
Настапуваат Џим Белуши
Кортни Торн Смит
Кимберли Вилијамс Пејзли
Лери Џо Кемпбел
Тејлор Ателијан
Били Бруно
Конер Рејбурн
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Број на сезони 8
Број на епизоди 182
Продукција
Времетраење 22 минути, без реклами
Емитување
Канал на емитување ABC
Формат на слика 720п HDTV
Емитување 3 октомври 20012 јуни 2009
Официјална Веб-страница

Како ќе каже Џим е американска комедија емитувана на телевизијата ABC. Иако со мала гледаност на почетокот, серијата малку по малку се искачи на второто место од сите тогашни комедии на ABC. Кога го увиде успехот на серијата, ABC направи ризичен потег: ја смести серијата во терминот на Фрејзер на NBC. Џим не успеа да го победи Фрејзер во гледаност, но беше доволно гледан за да си загарантира нова сезона. Големиот успех може да се согледа и на светската веб-страна Ју Тјуб.

На 15 мај 2007, беше објавено дека серијата е откажана и дека ќе нема нови сезони. Но, изненадно, на 27 јуни 2007, ABC објави дека серијата била сепак обновена за уште една, седма по ред сезона, со 18 епизоди.

Во САД „Како ќе каже Џим“ заврши со своето емитување на 2 јуни 2008. [1][2] Кај нас, серијата се емитуваше на А1 и досега се прикажани првите четири сезони, а од 2011 година ќе започне со емитување и на МТВ 1 телевизија. Оваа ситком серија достигна голем успех во македонскиот ТВ етер. Сите репризи од „Како ќе каже Џим“ имаа еднаква гледаност како премиерите на истите епизоди.

Синопсис [уреди]

Jimj.jpg

Џим е груб, но добар татко од преградијата. Женет е за прекрасна жена, Шерил, со која има три деца – Руби, Грејси и Кајл. Сé би било совршено за Џим, ако тој не се заплеткува во разни чудни ситуации и да не е толку мрзлив, поради што често бара разни начини да направи некои работи на полесен начин. Во куќата скоро цело време се и братот и сестрата на Шерил. Братот на Шерил, Енди е најдобар пријател на Џим, но Дејна често се врти против него.

Белешки [уреди]

Надворешни врски [уреди]